Настани

Европската библиотека збогатена со културното наследство на Македонија

PDFПечатиЕ-пошта

( 3 Гласа )

Ризницата на Европската библиотека, која ги обединува културите преку европските национални библиотеки, е збогатена со првата збирка од македонскотото културно - историско и библиотечно наследство.

Културното богатство на Македонија претставено преку старословенски, ориентални, како и времени ракописи, и два библиотечни каталози се „видливи" за корисниците на Европската библиотека, преку сајтот на Народната и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски", што беше презентиран на 08.10.2009 год. во Библиотеката во Скопје.

„Ова е уште еден успешен проект

Читај повеќе: Европската библиотека збогатена со културното наследство на Македонија

 

Промоција

PDFПечатиЕ-пошта

( 2 Гласа )

Националната установа Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски” од Битола, по повод 11-ти Октомври - Денот на востанието на македонскиот народ, во салата за промоции на 09.10.2009 година (петок) во 13.00 часот организираше промоција на романот „СОСЕДОВАТА КОКОШКА“ од битолскиот писател Никола Кочовски.

Промотори на романот беа Петре Димовски и Радован П. Цветковски.

На промоцијата беа читани извадоци од романот. Пропратен дел на промоцијата беше изложбата на книги што Библиотеката ја организира од овој познат битолски писател и истата беше поставена во холот на Библиотеката.

   

Промоција на книгата „Реката Драгор“

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Во рамките на програмата за одбележување на битолското културно лето, Националната установа Универзитетска библиотека Св. Климент Охридски“ од Битола во соработка со Општина Битола на 09.07.2009 година (четврток) со почеток од 21 часот во просториите на Магазата организира промоција на книгата Реката Драгор“ од проф. д-р Александар Стерјовски.

Промотор на книгата ќе биде Градоначалникот Владимир Талески, а поздравна реч ќе одржи директорот на Библиотеката Науме Ѓоргиевски.

   

Страница 274 од 314

Сподели на Facebook