English French German Macedonian

Настани

Промоции 23.03.2007 г.

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Во салата за промоции на Библиотеката на овој ден со почеток во 12 часот беше организирана средба со македонските писатели: Веле Смилевски, Раде Силјан и Драги Михајловски Веле Смилевски - “Педесет долевања” (награда “Ацо Шопов” 2005), Раде Силјан- “Македонски писатели и дела” (награда за критика “Димитар Митрев” 2006), Драги Михајловски- “Мојот Скендербеј” (награда “Стале Попов” 2006).

Средбата ја водеше проф. д-р Златко Жоглев од Педагошкиот факултет од Битола. Претставувањето на писателите го водеше г-ѓа Анита Ангелевска.

 

Промоции 14.03.2007 г.

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

ПРОМОЦИЈА НА СПИСАНИЕТО  СУМ

Националната установа Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски” од Битола на 14 Март 2007 година со почеток во 12 часот во салата за промоции организираше свечено претставување на 50 (пеесеттиот) број на списанието СУМ. На почетокот од промоцијата присутните гости ги поздрави директорот на Библиотеката г-дин Науме Ѓорѓиевски. За списанието говореа: г-дин Нове Цветановски и г-дин Трајче Кацарев. Преку видео-бим беа презентирани сите досегашни списанија.

   

Промоции 23.02.2007 г.

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа ) Националната установа Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски” од Битола на 23.02.2007 година во 12.00 часот организираше Промоција на книгата “ЗАКОПАНА ВИСТИНА” од битолскиот писател Добре Тодоровски. За книгата говореше писателот Радован П. Цветковски. Промоцијата се одржа во Роднокрајното одделение на Библиотеката.
   

Повеќе Артикли...

Страница 255 од 256

Сподели на Facebook