Изложби 29.07.2008 г.
Последно освежено на Среда, 04 Март 2009 18:57 Објавено од Administrator Среда, 04 Март 2009 18:56
ТЕМАТСКА ИЗЛОЖБА НА КНИГИ
Националната установа Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски” од Битола, во рамките на Битолското културно лето и по повод 105 годишнината од големиот национален празник “Илинден” во холот на Библиотеката постави тематска изложба на книги која го опфаќа периодот пред Илинден за време и после Илинден и неговите традиции. На изложбата се презентирани околу 90 монографски публикации од фондот со кој располага Библиотеката.