Изложби 05.12.2008 г.
Последно освежено на Вторник, 17 Март 2009 15:22 Објавено од Administrator Среда, 04 Март 2009 18:59
Во холот на Библиотеката г-дин Драги Кабровски припреми изложба на книги посветени на Климент и неговото дело од фондот со кои располага Библиотеката. На изложбата беа презентирани 80 монографски публикации кои тематски беа наменети за Климент првиот основоположник на библиотекарското дело и првата Библиотека во Македонија.
Составен дел на изложбата беа изданијата на Библиотеката, кои вкупно ги има 20 и фото изложба од Општинскиот натпревар одржан во Библиотеката во Битола и Републичкиот натпревар на Млади библиотекари одржан во Библиотеката “Искра” во Кочани каде првата награда ја освои претставникот од нашата Библиотека ученикот Мартин Јоновски од ОУ “Даме Груев” од ВИИИ б одд. и едно пано ликот на Св. Климент насликан од учениците.