English French German Macedonian

Настани

подготвува Фатма Бајрам Аземовска

Промоции 11.04.2008 г.

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа ) Националната  установа Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски” - Битола, на ден 11.04.2008 година (петок) во салата за промоции во Библиотеката со почеток во 12 часот организираше ПРОМОЦИЈА на книгата :   “БИБЛИОТЕЧНО РАБОТЕЊЕ”  прирачник за сите видови библиотеки: Книга 1, Акцесорна обработка на библиотечниот материјал и нејзина примена во автоматизираното работење  од  БЛАГОЈ НИКОЛОВ.
 

Промоции 04.04.2008 г.

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Л И Т Е Р А Т У Р Н А  С Р Е Д Б А

Националната  установа Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски” - Битола, Издавачката куќа “Макавеј”- Скопје и Генералниот конзулат на Р. Бугарија во Битола на 04.04.2008 година (петок) во 12 часот, во салата за промоции организираја Л И Т Е Р А Т У Р Н А  С Р Е Д Б А со ЕЛКА ЊАГАЛОВА поетеса од Република Бугарија и промоција на нејзината книга “НИЕ”. Промотори на книгата беа: Санде Стојчевски и Бранко Цветковски од Скопје.

   

Промоции 07.03.2008 г.

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

ПРЕДАВАЊЕ И ИЗЛОЖБА НА КНИГИ

По повод 8 Март - Денот на жената, Здружението на уметници ракотворци “Македонски ракотворби” - Битола и Националната установа Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски”- Битола,. на 07.03.2008 година,  во салата за промоции на Библиотеката во 18 часот организираја Трибина на тема “Жената низ традицијата и современото живеење” воведничар на темата беше г-ѓа  Павлина Јовановска. Со свои излагања учество зедоја и г-ѓа Јулијана Петровска претседател на ЗУР, г-ѓа Даринка Крстанова почесен конзул на Руската Федерација во Битола, г-ѓа Марија Герас - Дочовска претприемач од Битола и г-ѓа Биљана Опашинова од организацијата на жени од Битола а во холот на Библиотеката беше отворена Изложба на книги насловена како “Жени писатели од Македонија”.

   

Страница 211 од 218

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер