English French German Macedonian

Настани

подготвува Фатма Бајрам Аземовска

Предавања 03.10.2008 г.

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа ) ПРЕДАВАЊЕ НА АКАДЕМИК  ВИКТОР ФРИДМАН
По повод годината на одбележувањето на македонскиот јазик 2008, во салата за промоции на Библиотеката на ден 3.10.2008 година, со почеток во 12 часот во организација на Универзитетот “Св. Климент Охридски” од Битола се одржа Промоција на академик Виктор Фридман по повод наградата “Духовен воин” што му ја доделува Меѓународната асоцијација “Македонски духовни конаци”. Промотор беше проф. д-р Вера Стојчевска Антиќ, а наградата му ја врачи поетесата Светлана Христова Јоциќ, Претседател на споменатата Меѓународна асоцијација.
 

Предавања 07.03.2008 г.

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

ПРЕДАВАЊЕ И ИЗЛОЖБА НА КНИГИ

По повод 8 Март - Денот на жената, Здружението на уметници ракотворци “Македонски ракотворби” - Битола и Националната установа Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски”- Битола,. на 07.03.2008 година,  во салата за промоции на Библиотеката во 18 часот организираја Трибина на тема “Жената низ традицијата и современото живеење” воведничар на темата беше г-ѓа  Павлина Јовановска. Со свои излагања учество зедоја и г-ѓа Јулијана Петровска претседател на ЗУР, г-ѓа Даринка Крстанова почесен конзул на Руската Федерација во Битола, г-ѓа Марија Герас - Дочовска претприемач од Битола и г-ѓа Биљана Опашинова од организацијата на жени од Битола а во холот на Библиотеката беше отворена Изложба на книги насловена како “Жени писатели од Македонија”.

   

Предавања 06.07.2007 г.

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

ПРЕДАВАЊЕ “ГРБОВИТЕ СВЕДОШТВО НА ДРЖАВНОСТА”

Во салата за промоции на Библиотеката на ден 06.07.2007 година со почеток во 12 часот се одржа предавање на тема “Грбовите сведоштво на државноста”. Предавањето го одржа г-дин Јован Јоновски, Хералд и претседател на Македонско  хералдичко здружение.

   

Страница 204 од 223

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер