English French German Macedonian

Настани

подготвува Фатма Бајрам Аземовска

ДА ЗБОРУВАМЕ ЕВРОПСКИ! Let’s speak European!

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

„Aко разговарате со човек на јазик што го разбира, тоа оди во неговата глава. Ако му зборувате на неговиот јазик, тоа му оди во срцето.“
(Нелсон Мендела)
Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола во соработка со   училиштето  за странски јазици „ Rosetta Stone“, Француската Алијанса Битола,  ОУ „Гоце Делчев“ – Битола и „Сумнал“ – здружение за развој на ромската заедница заеднички  ќе го одбележат  Европскиот ден на јазиците со повеќе содржини кои го илустрираат значење на учење на јазици, промовирање на толеранција и соживот и развивање на социјална инклузија на младата генерација.

Читај повеќе: ДА ЗБОРУВАМЕ ЕВРОПСКИ! Let’s speak European!

 

Одбележување на Меѓународниот ден на мирот

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола беше дел од настанот во организација на Ротари Клубот Битола "Широк Сокак" кои традиционално по 8-ми пат го одбележуваа Меѓународниот ден на мирот под мотото: "Активно учествувај и создавај мирољубива клима",  приклучувајќи се на сите мирољубиви  луѓе ширум светот во потрага по еден ден, целосно исполнет со мир и слобода.

Настанот  се одржа на ден  21.09.2019 година на Градскиот Плоштад Магнолија на кој беше  испратена порака за мир, порака за крај на насилството и војни во светот кои ја уништуваат планетата Земја и сите живи суштества што живеат во неа, порака за соживот, среќа и мир преку цртежи, рецитали, песни за мирот, танцување и диџеј.

Соработници и поддржувачи на активностите организирани од Ротари Клубот Битола "Широк Сокак" беа:  ОУ "Елпида Караманди" , ОУ "Стив Наумов" , ОУ "Даме Груев" , ОО на Сојуз на Борци, "Сумнал“ - здружение за развој на Ромската заедница, Сидо, Државно Музичко Училиште, Танцов Клуб Експоуз, Диџеј Петар Лимон. На следниот линк следат повеќе фотографии https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10157756274323679

   

Јавна интерактивна трибина на тема „Борба против дезинформациите“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

ВНИМАНИЕ!!! ВНИМАНИЕ!!! На ден 19.09.2019 година во просториите на библиотеката се одржа јавна интерактивна трибина на тема: Борба против дезинформациите! Здружението за меѓународна младинска соработка ИНТЕРАКТИВ - Битола во соработка со НУУБ „Св. Климент Охридски” - Битола се организатори на овој настан, а на истиот учество учествуваа: Жанета Здравковска - новинар и регионален координатор на ЗНМ; Стево Башуровски - главен и одговорен уредник на ТЕРА телевизија; Д-р Божидар Миленковски - професор на ФИКТ; М-р Фатма Бајрам Аземовска - НУУБ „Св. Климент Охридски” - Битола.

Читај повеќе: Јавна интерактивна трибина на тема „Борба против дезинформациите“

   

Страница 3 од 233

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер