ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА РАЗГЛЕДНИЦИ
Последно освежено на Петок, 04 Декември 2020 21:36 Објавено од Слободан Пачовски Четврток, 03 Декември 2020 17:42
Во рамките на одбележувањето на 75 години раст и развој, НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола воведува нови содржини во дигитална форма како дел од заштитата на културното наследство на стари разгледници, како и оформување на збирка која што ќе биде online достапна за сите корисници на библиотечните фондови.
Збирка која ќе содржи разгледници од Битола и други градови на Македонија, систематизирани и обработени во согласност со библиотечните стандарди.
Збирката ја сочинуваат 150 разгледници од Македонија кои ги добивме по пат на размена со Националната библиотека „Ѓурѓе Црнојевиќ“ во Цетиње – Црна Гора, од одделот за картографија.
Се надеваме дека оформувањето на Збирката на разгледници ќе наиде на голема заинтересираност од пошироката јавност.
По повод 75 години од постоењето на Битолската библиотека објавуваме јавен повик до сите граѓани, институции за донирање на разгледници од Македонија.
Комплетната збирка на дигитализирани разгледници можете да ја погледнете во нашата дигитална библиотека на следниот линк: Разгледници
Подготвила Јелена Петровска