English French German Macedonian

Настани

подготвува Фатма Бајрам Аземовска

Промоција на книгата - „Светската касапница“

PDFПечатиЕ-пошта

( 2 Гласа )

Во организација на Националната установа - Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Битола на 23 февруари 2011 година со почеток во 12 часот во салата за промоции на Библиотеката се одржа промоција на историската книга „Светската касапница“ во Македонија (1914-1918) од авторот д-р Веле Алексоски од Велес. Воведничар на промоцијата беше Владимир Трајкоски а промотор на книгата беше Нада Алексоска од Велес.

 

 

 

 

Тркалезна маса „Павел Шатев – живот посветен за Македонија“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

По повод 60 годишнината од смртта на Павел Шатев, истакнат македонски револуционер, член на гемиџиите и еден од солунските атентатори, во НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола на 04.02.2011 година се одржа тркалезна маса на тема „Павел Шатев – живот посветен за Македонија“. Пригодно обраќање на истата имаше г-ѓа Анета Стефановска, пратеник во Собранието на РМ, а гостите ги поздрави г-дин Науме Ѓоргиевски, директор на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола. На тркалезната маса зедоа учество еминентни познавачи на личноста и делото на Павел Шатев, меѓу кои и:

 

 

 

1. Проф. д-р Зоран Тодоровски „Павел Шатев - живот и дело“,

2. Проф. д-р Виолета Ачковска „Павел Шатев жртва на комунистичкиот режим“,

3. Проф. д-р Тодор Чепреганов „Павел Шатев за македонската национална посебност“,

4. Проф. д-р Марјан Димитријевски и м-р Лидија Ѓутковска „Дискусијата на П. Шатев на Второто редовно заседание на Уставотворното собрание на НРМ“,

5. М-р Александар Симовски и м-р Марјан Ивановски „Македонското национално прашање во говорот на П. Шатев пред Уставотвотворното собрание на ФНРЈ“,

6. М-р Теон Џинго „Павел Шатев помеѓу комунизмот и македонското национално револуционерно движење“,

7. Проф. д-р Даринка Петревска „Револуционерната дејност на Павел Шатев меѓу двете светски војни“.

Во холот на Библиотеката беше поставена изложба од фотографии, ракописи, писма и трудови за Павел Шатев.

   

Патронат на Библиотеката - 2010

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

За свечено одбележување на 8 ми Декември - Патронен празник на Библиотеката, Библиотеката на 07.12.2010 година, во (вторник) во 18 часот во салата за промоции организираше програмски неколку културни активности. На почетокот пред присутните гости пригодно обраќање имаа г-дин Науме Ѓоргиевски директор на Библиотеката и г-ѓа Анета Стефановска пратеник во Собранието на Р. Македонија. Во програмата беа следните активности: промоција на книгите "Библиотеките во црквите и манастирите во Преспанско - пелагонискиот регион", "Зборник на научни трудови од научната средба 1100 години од смртта на Св. Наум Охридски", "Петта роднокрајна средба со битолските писатели од Македонија - зборник". Промотор на овие книги беше д-р Николче Велјановски - библиотекар советник. Потоа беа промовирани и следните две книги: "Значајни личности за Битола - култура" и "Повоените македонски писатели низ страниците на периодиката во НУУБ Св. Климент Охридски - Битола". Промотор на овие книги беше Благој Николов - библиотекар советник. Во рамките на оваа програма во холот на Библиотеката Драги Кабровски вработен во Библиотеката приреди Изложба насловена "НУУБ Св. Климент Охридски (1945 - 2010)", изложбата беше комбинирана од извадоци и статии за Библиотеката објавени во периодичните публикации и фотографии за Библиотеката и текстовите и фотографиите беа каширани на картон.

Подготвил Драги Кабровски, библиотекар

   

Страница 198 од 243

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер