English French German Macedonian

Настани

подготвува Фатма Бајрам Аземовска

НУУБ „Св.Климент Охридски“- Битола дел од Светската дигитална библиотека и Конгресната библиотека

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Директорот на НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола г–дин Науме Ѓорѓиевски  оствари работна средба со претставници од Конгресната библиотека – Соединетите Американски Држави (Library of Congress) и Светската дигитална библиотека (World Digital Library) со господата Mr. Grant G. Harris and Mr. Jason Yasner и претставници од американската амбасада во Р.Македонија.

Читај повеќе: НУУБ „Св.Климент Охридски“- Битола дел од Светската дигитална библиотека и Конгресната библиотека

 

Соработка со Пустец

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Да се стигне до македонското село Пустец во Албанија и да се присуствува макар и еден ден е големо доживување. Селото е оддалечено 25 километри од Корча, еден од поголемите албански градови, но како да е оддалечено стотици години од сегашноста. Пустец и околните девет села се населени исклучиво со Македонци. Македонците од Пустец прават се за да си го говорат и зачуваат својот чист македонски јазик. Во Пустец и уште осум околни села живеат само Македонци, на македонски јазик државата Албанија им дозволува да учат само до четврто одделение.

Директорот на НУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола г –дин Науме Ѓорѓиевски оствари работна средба со директорот на основото - средното училиште г –дин Михалаќ Апостоловски од Пустец – Република Албанија.

На средбата се разговараше за проблемите, потребите и дефинирање на наредните чекори за идна соработка меѓу двете институции. Првите активности ќе се реализираат во месец Мај, како и ќе следува потпишување на меморандум за соработка.

   

Министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска во посета на Библиотеката

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска на ден 25.12.2011, оствари средба во Битола со петте директори на театарот, центарот за култура, библиотеката, заводот и музеј и музејот на албанската азбука каде што се одржа во кабинетот на битолскиот градоначалник Владимир Талески. На средбата министерката Милевска го искажа своето задоволство од работата на сите национални културни установи во Битола, По средбата со градоначалникот на Битола се упати во НУУБ „Св.Климент Охридски“-Битола. На средбата со првите луѓе на библиотеката стана збор за програмските активности на установата за идната година.

   

Страница 197 од 250

Сподели на Facebook
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер