Најавување

English French German Macedonian

Настани

подготвува Фатма Бајрам Аземовска

Промоции 14.03.2007 г.

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

ПРОМОЦИЈА НА СПИСАНИЕТО  СУМ

Националната установа Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски” од Битола на 14 Март 2007 година со почеток во 12 часот во салата за промоции организираше свечено претставување на 50 (пеесеттиот) број на списанието СУМ. На почетокот од промоцијата присутните гости ги поздрави директорот на Библиотеката г-дин Науме Ѓорѓиевски. За списанието говореа: г-дин Нове Цветановски и г-дин Трајче Кацарев. Преку видео-бим беа презентирани сите досегашни списанија.

 

Промоции 23.02.2007 г.

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа ) Националната установа Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски” од Битола на 23.02.2007 година во 12.00 часот организираше Промоција на книгата “ЗАКОПАНА ВИСТИНА” од битолскиот писател Добре Тодоровски. За книгата говореше писателот Радован П. Цветковски. Промоцијата се одржа во Роднокрајното одделение на Библиотеката.
   

Промоции 09.02.2007 г.

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Меѓународниот Славјански Институт - гр. Москва, Филијала Македонија - Битола  во соработка со “Националната установа Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски” од Битола, организираат промоција на книгата; “ВРЕМЕ НА СМРТНАТА ЉУБОВ”  роман од професорот на Славјанскиот Институт д-р. МЕТОДИ МАНЕВ од Свети Николе. Промотори на романот беа: д-р. Јован Дамјановски и писателот Петре Димовски од Битола.

Извадоци од книгата читаа: Ева Гаврилова и Нико Ѓоргиевски студенти на Славјанскиот Институт во Битола.

Музички настап Нико Ѓоргиевски. 

Модератор на програмата Делфина Лидони.

   

Страница 156 од 156

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер