English French German Macedonian

Настани

Ханс Кристијан Андерсен - "Дивите лебеди"

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На 20.03.2017 година (понеделник) во 13 часот во просториите на библиотеката, ученици од прво и петто одделение под раководство на наставничките Весна Димитровска и Велика Дуковска од ОУ "Св. Климент Охридски" - Битола, активно ќе се вклучат во проектот "Ноќ со Ханс Кристијан Андерсен" со своја работилница.
На работилницата ќе биде обработена прекрасната бајка од Ханс Кристијан Андерсен - "Дивите лебеди".
Преку театар во сенки, слики и сложувалки на учениците ќе им биде пренесена прекрасната приказна за Елиза и нејзините единаесет браќа,со што на тој начин и тие ќе станат дел од волшебството.
Целта на оваа работилница е да се развие љубов кон книгата и пишаниот збор, а особено преку делата од Ханс Кристијан Андерсен.

 

“Сакам три нешта: зелено, чистo и весело„

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Со цел поттикнување на еколошката свест на младите, НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола и ОУ„ Д-р. Трифун Пановски„ - Битола органираа изложба на ликовни творби на учениците.
Тема на изложбата беше “Сакам три нешта: зелено, чистo и весело„ и ќе биде поставена неколку дена.
На денешниот настан беа  доделени награди и благодарници на учениците кои конкурираа на литературната творба на македонски, англиски и германски литературен јазик на тема “Природата е наш мир“.

   

Промоција на Збирка песни

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

   

Промоција на стихозбирката „Душевни болки“ од авторката Светлана Папачек

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Почитувани,

Чест ни е да Ве поканиме на втората промоција на стихозбирката 
„Душевни болки“ од авторката Светлана Папачек.
Настанот ќе се одржи на ден 06.03.2017 (понеделник) во 16.30 часот во просториите на
НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

   

Три дена женски активизам во битолската библиотека

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола и Организацијата на жени од Битола организираа три дена женски активизам, потенцирајќи го значењето на жената во денешното општество. Тридневната програма, која се одвиваше во библиотеката, опфати промоција на новата стихозбирка “Душевни болки“ од Светлана Папачек, доделување на наградите по повод конкурсот за краток расказ “За жената“ и приредба на дечињата од Центарот за ран детски развој „Бонбончиња“.
Оваа година НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола во соработка со  Организацијата на жени од Битола, организираа три дена женски активизам, потенцирајќи го значењето на жената како писател, како составен дел од домот и како мајка. Во трите дена на различен начин, библиотеката вдоми многу голем број посетители во рамките на овој настан.
Првиот од предвидените три  дена на женски активизам беше посветен на промоција на најновата стихозбирка „Душевни болки“ на Светлана Папачек, која воедно е членка на Организацијата на жени. Во оваа стихозбирка, како што потенцираше и самата авторка на промоцијата, се издвоени околку 30-тина творби кои произлегуваат директно од нејзината душа, што, всушност, го покажува и самиот наслов. Втората активност, беше доделување на награди и благодарници на учесниците по повод конкурсот „Жената денес“. Жири комисјата, составена од три члена, донесе одлука да ги награди расказите:  III награда расказ: ,,Жената денес,, шифра: ЖЕНА автор: Милкица Миленковиќ - Стојанова Штип II награда расказ: ,,Жената денес,, шифра: Огнило автор: Јасна Петкоска с. Орман - Охрид I награда расказ: ,,Таму, каде што си ти,, шифра: ОГЛЕДАЛО автор: Сузана Ѓорѓиевска Прилеп. Третиот ден го отстапивме на најмладите, односно кај нас се одржа приредба на децата кои го посетуваат центарот за ран детски развој „Бонбончиња“. Тие одржаа приредба на која ги славеа енергијата, храброста и силата која секооја жена и мајка ги имаат.
НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола редовно во своите активности вклучува настани со кои го одбележува значењето, влијанието и потребата од почитувањето на жената во секојдневното живеење. За таа цел, често пати поставува и изложби на книгио од писатели жени, сеедно дали тие пишуваат детска литература, проза  или поезија.

   

Страница 10 од 84

Сподели на Facebook
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер