Настани

Градоначалникот Коњановски донираше книги со Брајово писмо во НУУБ „Св.Климент Охридски" - Битола

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, донираше книги со Брајово писмо во НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола. Со зголемувањето на библиотечниот фонд со овие лектирни изданија, се овозможува нивна достапност и за децата со оштетен вид.

Донацијата се реализира по повод Меѓународниот ден на Брајовата азбука 4 Јануари, а се состои од повеќе примероци на книгите Гоце Делчев од Ванчо Николески, Песни од Миладинов, Автобиографија на Григор Прчличев и Малиот Принц од Антоан де Сент Егзипери.

 

 

Награди по повод Нова година

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

По повод Нова година следуваат
Награди, награди... Ротари клубот Битола Широк Сокак наградува заедно со нашата Библиотека.

Сѐ што треба да направите е да напишете  пораки за Нова година (на овој пост NUUB Facebook).
Да го споделите постот јавно на Вашиот профил.

Вие самите одлучувате кои пет објави ќе ги добијат овие  награди со најмногу лајкови.

Наградната игра трае до 05.01.2022 година.

 

   

Критички осврт на „Мостот на Дрина“ од Иво Андриќ

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

„Имало и ќе има ѕвездени ноќи над касабата и раскошни соѕвездија и месечини, но немало и којзнае дали ќе има некогаш такви младежи, што бдеат на портата во такви разговори со такви мисли и чувства. Тоа е поколение на побунети ангели, во оној краток миг додека уште ја имаат и сета моќ и сите права на ангелите и пламената гордост на бунтовниците...“ (извадок од Мостот на Дрина, Иво Андриќ, 1977, стр.284)

На 28.12 во просториите на НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола учениците од IV-5 од СОУ „Јосип Броз Тито“ - Битола имаа можност да слушнат интересни податоци за животот и делото на Нобеловецот Иво Андриќ, но и заедно со својата професорка по македонски јазик Даниела Петровска на направат еден критички осврт на „Мостот на Дрина“, книга која му ја носи Нобеловата награда на Иво Андриќ.
Значењето на ликовите и пораката кои тие ни ја испраќаат, ја докажуваат моќта зошто баш оваа книга ја добива Нобеловата награда за литература во 1961 година.
„Младоста е среќна доба во која човекот почнува да верува во себе, а сè уште не престанал да верува во другите“ - Иво Андриќ
Подготвија: м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски и Маријан Колевски

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook

 

 

   

Страница 2 од 314

Сподели на Facebook