Најавување

English French German Macedonian

Настани

подготвува Фатма Бајрам Аземовска

Работна средба за регионална соработка, 15.02.2018

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На ден 15.02.2018 година во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа работна средба на директорот на Библиотеката од Битола, м-р Јелена Петровска со директорот Петар Петрески, библиотекарот советник од Библиотеката „Борка Талески“ од Прилеп д-р Нада Караџова и уметник Петре Николоски кој  од 1990 година живее и работи во Велика Британија, имал бројни и самостојни и групни изложби во земјата и странство. Познат е по автентичниот уметнички ракопис.

Меѓу другото се разговараше и за проектот „Кожата на прилепското поднебје“.

Проектот е замислен како поставка на инсталација со порака преку книгата до уметноста, влијанието на книгата и читањето врз растежот и уметничкиот опус на еден уметник. Можноста за поставка на изложба и регионална соработка на институции од културата во презентирање на важноста на пишаниот збор и уметноста.

При оваа средба меѓу учесниците споделени се искуства и можности за регионално поврзување на библиотечните активности и проекти, искуства во врска со имплементација на одделни сегменти од автоматизацијата на библиотечните процеси (COBISS3), усогласување на библиотечните правилници, организација на промоции на дела на писатели од регионот, како и семинари за поуспешно презентирање на библиотечните програми во регионот со цел анимирање на населението за користењето на библиотечните фондови.

 

Вино и љубов - препорака за читање

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Во холот на Библиотеката е поставена изложба на книги – Избор на книжевни дела за љубовта и виното, со кои располага фондот на Библиотеката, како предлог за читателите за нивно користење во текот на месец февруари.

 

 

 

 

 

   

Книгата и љубовта, 14.02.2018

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На 14.02.2018 година, со почеток во 13 часот, во Салата за промоции при НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, беше одбележан Меѓународниот ден на подарување на книга, Празникот Св. Трифун, како и Св. Валентин - денот кога се слави и празнува љубовта како меѓусебна човечка доблест и убавина на сите луѓе.

Во чест на сето тоа, се одржа литературна средба со рецитирање на познати поетски творби од изборот „Македонска љубовна лирика“, како и исполнување на музички точки, песни од забавната музика со љубовна тема.

Библиотеката оваа програма ја реализира во соработка со Средното општинско училишта „Таки Даскало“ од Битола. Во истата учествуваа учениците Божидар Николовски, Сара Ристевска, Анастасија Димовска, Магдалена Јаневска, Теодора Танасовска и Александар Ивановски.

Пред почетокот на програмскиот дел, на присутните им се обрати в.д. директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола м-р Јелена Петровска, укажувајќи на значењето на книгата и љубовта во секојдневниот живот на луѓето, воедно посочувајќи ја поезијата на Десанка Максимовиќ, преку која инспиративно им се обрати со една творба со љубовна тема, препорачувајќи ги при тоа исто така да се читаат книги од повеќе автори со кои располага Библиотеката, особено лирското творештво од македонските автори.

   

Страница 2 од 164

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер