English French German Macedonian

Настани

подготвува Фатма Бајрам Аземовска

Тин лето во Библиотека

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Времето, кога тинејџерите се формираат како личности и создаваат корисни навики во животот, треба правилно да се насочи кон квалитетни содржини и да им се посочат начините на кои тие можат да се најдат и препознаат. Во ерата на дигитализација, кога сите содржини, без оглед на нивната вредност, станаа лесно достапни, младите луѓе се подложни на различни влијанија. Затоа ние, како библиотека, треба особено внимание да посветиме на нивно правилно насочување во тоа море на информации.

Исто така, во текот на летото, тинејџерите имаат повеќе слободно време, па затоа библиотеката организира активности во вид на работилници со теми блиски на интересите и потребите на тинејџерите. Се планира организирање на три работилници:

- 3Д печатење (што претставува, како и каде се користи, презентација на 3Д печатар, практична примена и печатење на 3Д книга)

- Видео игри (како се прават, програми кои се користат, најпопуларни видео игри, кои игри ги користат тинејџерите)

- Книга - филм за тинејџери (претставување на книги според кои се снимени филмови наменети за таа возраст, изложба на тие книги, споредба помеѓу филмот и книгата, препораки за тин-книги)

Ги покануваме сите заинтересирани да ни се придружат на Тин лето во Библиотека!

 

14-та Роднокрајна средба на Битолските писатели

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

14-тата Роднокрајна средба на битолските писатели во Македонија се одржа на ден 31 мај 2019 година, во просториите на Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Битола.
Темата на Тркалезната маса  беше: “Мајката – инспирација и/или  значаен лик во моето творештво”.
На Средбата со свои излагања учествуваа дваесет и еден роднокраен писател меѓу кои: академик Владимир Костов (во отсуство), проф. Вера Стојчевска Антиќ (во отсуство), проф. д-р Христо Петрески (во отсуство), Добре Тодоровски, Панде Манојлов,  Петко Шипинкаровски, Никола Кочовски, Ѓорѓи Прчков, Петре Димовски (во отсуство), Јован Ѓурвски, Љубе Митрејчевски (во отсуство), Ванде Ганчевски, проф. д-р Даниела Андоновска – Трајковска, Весна Мундишевска Велјановска, Милица Димитријовска Радевска, Сања Мучкајева Видановска, Елизабета Јончиќ.

Читај повеќе: 14-та Роднокрајна средба на Битолските писатели

   

Библиотеката ја продолжува соработката со Универзитетска библиотека на Стенден Универзитетот

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На ден 27.05.2019 година во просториите на  библиотеката НУУБ “Св. Климент Охридски”  - Битола се одржа работна средба со библиотекари од Универзитетската библиотека на Стенден Универзитетот (NHL Stenden University of Applied Sciences) од Леуварден (Leeuwarden) од  Холандија.
Посетата на библиотекарите претставува продолжување на соработката меѓу двете институции,  која започна да се реализира уште во 2018 година, проект кој беше поддржан од Министерството за култура.
Библиотекарите од Холандија – раководителот Роналд Вијња (Ronald Wijnia), Маргриет ван дер Гиесен (Margriet van der Giessen ) и Симон Лендерс (Simone Leenders) – имаа работна средба со директорот на библиотеката „Св. Климент Охридски“ – Битола  м-р Бојан Стефановски и стручни лица на библиотеката, разговараа за функционирањето, стратегијата и визијата на нашата институција.

Читај повеќе: Библиотеката ја продолжува соработката со Универзитетска библиотека на Стенден Универзитетот

   

Страница 10 од 233

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер