English French German Macedonian

Настани

подготвува Фатма Бајрам Аземовска

23 АПРИЛ – СВЕТСКИОТ ДЕН НА КНИГАТА И АВТОРСКИТЕ ПРАВА, 2018

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

По повод одбележувањето  на 23 АПРИЛ – СВЕТСКИОТ ДЕН НА КНИГАТА И АВТОРСКИТЕ ПРАВА, Националната установа Универзитеска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола  и Здружение на уметници ракотворци на Македонски ракотворби – Битола,  организираат работилница за изработка на бук маркери.

Ги повикуваме сите заинтересирани лица  кои сакаат да учествуваат на настанот за изработка на бук маркери да испратат маил на : Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , со назнака  - работилница за изработка на бук маркери.

Работилницата ќе се одржи на ден 19.04.2018 година.

Дополнително сите заинтересирани  лица ќе бидат известени за часот и местото на одржувањето на работилницата.

По повод 23 април  Светскиот ден на книгата и авторските права ќе следат повеќе активности во Библиотеката  за одбележување  на денот и популаризацијата на книгата.

Инаку 23-ти април, денот кога светот го напуштија двајца великани во книжевноста, Мигел де Сервантес и Вилијам Шекспир, секоја година се слави како Светски ден на книгата и авторските права.

Светскиот ден на книгата започнат е да се празнува од 1995 година, а е прогласен од страна на УНЕСКО. Целта е да се оддаде признание на книгите и писателите и луѓето повторно да го пронајдат задоволството во читањето или да продолжат да уживаат во пишаните дела.

 

Промовирани книгите „Стандарден македонски јазик“ и „Академско пишување“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ –Битола и Педагошкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола, денеска ги промовираа книгите „Стандарден македонски јазик“ од проф. д-р Виолета Јанушева и „Академско пишување1“ од проф. д-р Виолета Јанушева и доц. д-р Бисера Костадиновска-Стојчевска.
-Книгата се темели на најдобрите традиции на она што се вика македонска лингвистичка школа, почнувајќи од Блаже Конески како нејзин основач до денес, а ова дело понатаму ќе значи пренесување на знаењето на помладите студенти, рече првиот промотор на учебникот „Стандарден македонски јазик, проф. д-р. Људмил Спасов.

Читај повеќе: Промовирани книгите „Стандарден македонски јазик“ и „Академско пишување“

   

23 Април Светски ден на книгата и авторското право, 2018

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

   

Страница 9 од 183

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер