Најавување

English French German Macedonian

Настани

подготвува Фатма Бајрам Аземовска

Нашата празнична магија

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Со цел збогатување на Новогодишните празници, Националната  установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола во соработка со училиштето  за странски јазици „ Rosetta Stone“, ОУ “Коле Канински“  и „Сумнал“ – здружението за развој на Ромската заедница се вклучија во празничната магија.
Активностите започнуваa на 21.12.2017 година (четврток) каде  во холот на Библиотеката  беше приредено пријатно предновогодишно  изненадување кое прв пат  се случи во Битолската библиотека, со помош на волонтерите од Мировен корпус  David Scrivener и Barbi Stimac. 
Оригиналната, одлично уредена новогодишна елка, која е направена од книги кои ги поседува библиотеката е причина повеќе, поголем број на љубители на книгата да дојдат тука да позајмат или да вратат книга, или едноставно да дојдат да се фотографираат.

Инаку  новогодишна елка се прави за прв пат кај нас во холот на библиотеката, во   неа има “вградено“ повеќе од 500 книги, кои се наоѓаат во библиотечниот книжен фонд.
Украсената новогодишна елка од книги  им го предизвика вниманието на нашите читатели и посетители на Библиотеката, особено на најмладата популација и велат дека допринесовме за подобрување на претпразничното расположение.
„Ме израдува дека тука има новогодишна елка направена од книги. Вакви новогодишни елки има во повеќе светски библиотеки, а сега ја имаме и  тука. Со ќерка ми направивме десетина фотографии кои ќе ни бидат спомен за секогаш, ни рече Христина, која ја чекаше својата ќерка да позајми книга.“

Новогoдишната елка во Библиотеката е преубава беа разлика од каде ја гледате, од влезот, од скалите, од вториот кат од каде некои рекоа погледот е најубав. Ние ја фотографиравме од сите места, а сами одлучете од каде е најубав погледот.На  22.12.2017 година (петок)  со почеток од 10-12 часот во свечено украсениот хол на Библиотеката со новогодишни декорации, се одвиваа следните активности: изработка на  новогодишна елка,   креативна работилница, читање со Дедо Мраз проследени со детски настапи,  игра и забава.


Настанот  имаше  цел да  направи спој помеѓу културата на читање книги како дел од личната и општа култура која треба да се развива и негува уште од најмала возраст.


На крајот на новогодишната празнична магија во Библиотеката, следуваше забава на Дедо Мраз со децата на вработените во библиотеката, при што истите добија новогодишни пакетчиња.  
Дедо Мраз е миленик на децата. Во нивните очи тој е старецот кој доаѓа еднаш во годината, ги носи посакуваните подароци и ги прави сите среќни, исполнувајќи ги нивните желби и читајќи им ја приказната за Нова година.

На следниот линк следат повеќе фотографии https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10156134470273679 и на https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10156139909128679

 

Нашата празнична магија

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

НУУБ „Св. Климент Охридски“ во своите заложби за претставување на Библиотеката како место за дружење и промовирање на едукативни и креативни програми на деца и млади од сите возрасти организира празнична програма која што ќе ги обедини училишта, волонтери, родители и сите заинтересирани граѓани кои ќе можат активно да учествуваат во новогодишниот изглед на нивното омилено место за читање.
Замислена Празнична магија во Библиотеката ја органицираат нашите библиотекари ,училишето за странски јазици „ Rosetta Stone“, Здружението за развој на Ромската заедница - „Сумнал“ и ОУ „Коле Канински“ од Битола.

Читај повеќе: Нашата празнична магија

   

“Фауна и Флора – право на живот во здрава средина“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Во рамките на проектот за одбележување на човековите права, пред влезот на библиотеката се црта на графит мурал на тема “Фауна и Флора – право на живот во здрава средина“ Настанот го организираат Француската Алијанса од Битола, Француската амбасада и Националната установа Универзитетската библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола. Прекрасното дело го цртаат уметниците Herve Potelle I Alexandre Rajkovic. На следниот линк можете да погледнете повеќе фотографии https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10156128600088679

 

 

   

Страница 7 од 165

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер