English French German Macedonian

Настани

подготвува Фатма Бајрам Аземовска

„Креативни умови ја креираат иднината„

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Учениците од Заводот за рехабилитација за деца со оштетен слух „Кочо Рацин“ во Битолската библиотека денеска беа како учесници во реализацијата на проектот „Креативни умови ја креираат иднината„  Здружението за развој и иновации на библиотеки “Инова Либ“.
Во просториите на  НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола учениците имаа прилика да се запознаат со современо библиотечно работење преку информации за можности кои библиотеката им дава на нејзините членови, со посебен акцент на лица со попреченост и користење на аудио библиотечен материјал.

Читај повеќе: „Креативни умови ја креираат иднината„

 

Јас и лидерот во мене

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Драги пријатели, себеистражувачи и сите оние кои вложувате во сопствената среќа успех, Подгответе се за едно поразлично мотивациско интерактивно дружење. Споделете ги вашите искуства и подгответе ги вашите прашања. Ви го најавуваме мотивациското дружење на тема „Јас и Лидерот во мене”. Настанот е во организација на НУ Универзитетската Библиотека „Св. Климент Охридски” – Битола во соработка со Универзитетското радио УКЛО ФМ и емисијата за личен развој „Лабораторија на идеи“. Настанот ќе се одржи на 26 февруари (вторник) со почеток од 18:00 до 19:30 часот во просториите на НУ Универзитетската Библиотека „Св. Климент Охридски‟ – Битола. Една поговорка гласи: Сонот напишан на хартија прераснува во цел. Целта разглобена на чекори прераснува во план.

Читај повеќе: Јас и лидерот во мене

   

147 години од раѓањето на Гоце Делчев

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Во Македонија денеска се одбележуваат 147 години од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите.

По тој повод во холот на Библиотеката е поставена тематска изложба. Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. На 4 мај во 1903 бил убиен од турска војска во селото Баница, на пат кон Сер. Саркофагот со посмртните останки на Гоце Делчев од 1946 година се наоѓа во дворот на црквата „Св. Спас” во Скопје.

   

Страница 7 од 217

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер