English French German Macedonian

Настани

подготвува Фатма Бајрам Аземовска

Кариерно и професионално насочување на учениците

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Во рамките на проектот „Што е следно?“ преку Еразмус програмата, основното училиште „Св. Климент Охридски“ од Битола е домаќин на претставници од Норвешка, Данска, Германија и Полска. Претставниците од локални самоуправи, училишта, кариерни советници, како и домаќините од битолското училиште, денеска ја посетија нашата библиотека. Целта на денешната посета е да ги запознаеме гостите за работата на библиотеката, запознавање со работата на одделите како што се: заштита на книга, периодика, обработка на книги, програмата COBISS, запознавање со тековни проекти итн. Тие беа заинтересирани и за нашето учество во програмата Еразмус. На следниот линк следат повеќе фотографи: https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10158237442308679&__xts__%5B0%5D=68.ARDLM_Wizw2H_dRtcPfQVxZ4MhtwEK5jz8pPayKAd13wf7N9BjZdfuZqCG6Kjw0cVwaM1u3li-aWts_9F6oPdOqbPFwdc11qNgYHvN8Gq8R3h_issqHgrLbdLKD7T7dcRnD2oXmL-vPHFnD2p85qpznVouR40QPIxf1Zn70Zkgl88IiJDCQ3pQ0CDS8FyRI-M-9Mybof1xhCVD-TC0eHbnSySMJpmLyxx5B6591cOO8caAntOMyg_d77NX4Hc1zXBn4JQUpV15Mnyw6BGO67DPbhj9uhomHtZY1a-6qWkAShwiDUik3WhQQk4wnc85K49pW3V92y85IpiGcT5EuBp76_ryI356UUqxfR1AUJRf1nQ40lmvGCg5AoNh6oepuVIIIm0ntWlNX80iK9mi5e9XsH0wFLuCmAumQze7wuEur53BQ6du-rOiYz0ietG6FmSBow6OA&__tn__=-UC-R

 

Дете што чита е возрасен што мисли!

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На ден 24.02.2020 година, над 100 ученици од ОУ „Стив Наумов“ - Битола ја посетија НУУБ „ Св. Климент Охридски“ - Битола со нивните наставнички Анжелика Петковска, Снежана Димтровска, Весна Стојановска и Билјана Палашовска. Учениците и наставничките имаа можност ос страна на библиотекарите да се запознаат со историјата на библиотеката, нејзината дејност и да слушнат како правилно се чита. Библиотекарите им прочитаа извадоци од лектирата за трето одделение „Шеќерното дете“, а потоа од учениците беше побарано да го насликаат истото. Љубопитните дечиња ги исполнија ходниците на библиотеката и на наше огромно заемно задоволство поминавме неколку часа. Секогаш имајте на ум дека читањето создава слободномислечки луѓе. На следниот линк следат повеќе фотографи: https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10158234457438679&__xts__%5B0%5D=68.ARDbJcFlBnnemhcKjbSqvWnsakOMoN6PFNpP1ecsf7UXDNXHYaW3Qo9ncL_PIU_iMCCFuP46ye-sViW_Nps3K62Bq0UjXNd5W8caqoPXiuIsAh9--AgHWgYxUZMnXmflO8Vbs8FmdUMiM840SQSBZ7ufmuAaZfsAX7UZLKJ7u9IRp6C5omIEU7U89O_xjhBMUMy5uD4GhN2gwUFvge7bA345yLWEGkHgVnrKNb_VL6TtYIMwSVV_UL3LNOwOjjtfmX0ikAEJgNKuFp7eI_cqQT-SccksYR-P0amP5kaLwXWccbpsBW0rjq2uERV00iFpzWK6r1T-u_1Wl9CwX4q56cFlT_1G7bw-WEU-XpkTqq5hNMdNhW2O-gcixRGoSVPnKFPRItunqXXgrvsVgYpeTF04Q-P9PVpjdRJ9wb5zoA1MMlZ2z74R3d6xdVPp8yCn69Lcf3c&__tn__=-UC-R&ref=page_internal

   

Одбележување на денот на мајчиниот јазик

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Во рамки на одбележувањето на Меѓународен ден на мајчиниот јазик 21.02.2020 како втора активност беше посетата на децата од големата група при градинката „Снегулка“ - Битола. Децата од оваа група имаа можност од страна на библиотекарката Гордана Ѓорѓиевска-Неделковски да видат како изгледа 3Д сликовница и воедно да ја слушнат приказната за „Јовче и дрвото грав“. Голема благодарност до директорката Лидија Тфирст Митревска од градинката „Естреја Овадија Мара“ - Битола, негователките Гзиме Коминовска, Силвана Ристевска и воспитувачката Лилјана Петровска кои повторно не примија во нивната група.

Ги повикуваме сите заинтересирани градинки, приватни детски градинки и центри за ран детски развој да не контактираат за активности - бидете и вие дел од магичните приказни. На следниот линк следат повеќе фотографи:https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10158234027138679&__tn__=-UC-R

 

 

   

Страница 6 од 250

Сподели на Facebook
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер