English French German Macedonian

Настани

подготвува Фатма Бајрам Аземовска

Промоција на „Пчеларски календар“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

НУУБ „Св. Климент Охридски“  - Битола во соработка со пчеларското здружение „Нектар “од Битола организираa промоција на „Пчеларски календар“ од авторите проф. д-р Александар Узунов од Факултет за земјоделски науки и храна од Скопје и  м-р Борче Павлов професионален пчелар.
Промоцијата  се одржa на ден 23 ноември  (сабота) 2019 година, со  во просториите на Библиотеката. 
Во „Пчеларски календар“  се опишани целогодишните активности во пчеларникот, апитехниката, фазите во функционирањето на пчелните семејства низ годината, согласно специфичностите на климатските и вегетациските услови во Македонија. Тоа е поткрепено со релевантни податоци за температурите, врнежите, како и фенолошкиот календар за цветање на некои медоносни растенија во Македонија. 

Читај повеќе: Промоција на „Пчеларски календар“

 

Промоција на „Пчеларски календар“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Хортикултурни библиотеки!

Промоција на „Пчеларски календар“ од проф. д-р Александар Узунов и м-р Борче Павлов.

Ве очекуваме на ден 23 ноември 2019 година, со почеток во 11 часот во просториите на Библиотеката.

 

 

 

 

   

Промоција на книгата „Сестра Касијана“ - Добре Тодоровски

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Во издание на книгоиздавачката куќа ,,Матица“-Скопје, од печат излезе најновиот роман „Сестра Касијана“ чиј  автор е писателот од Битола, Добре Тодоровски.
Во романот се обработува реална приказна за два живеани света на носечкиот лик, оној од секојдневното живеење и тематики од монашкиот живот на сестрите монахињи, кои одлучиле животот да го посветат во служење во нашите православни манастири.
Направен е обид барем малку да се долови еден таинствен свет исполнет со молитви, немерлива љубов и среќа во славењето на нашиот Господ Бог, посочува авторот Тодоровски.
Промотори na книгата се: Билјана Т. Димко, Радован П.Цветковски И Панде Манојлов. Ве очекуваме на 20 ноември 2019 година со почеток во 18 часот, во просториите на Библиотеката

   

Страница 6 од 242

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер