English French German Macedonian

Настани

подготвува Фатма Бајрам Аземовска

Ве покануваме на свеченото одбележување на патрониот празник

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Ве покануваме на свеченото одбележување на патрониот празник

 

П Р О Г Р А М А

Поздравно обраќање м-р Бојан Стефановски, директор на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола

 

Во чест на Горан Стефановски

Раде Силјан, Феноменот Горан Стефановски

проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, Конзервирани импресии - година без Горан Стефановски

Јоана Поповска, фрагменти од драмите на Горан Стефановски

 

Промоција

Списание Библиотечен тренд бр. 48

Зборник на излагања од 14-та Роднокрајна средба со битолските писатели од Македонија

Промотор

д-р Николче Вељановски

 

Изложби

Тематска изложба на книги Свети Климент Охридски

„Нашите 365 денови...“

 

5.12.2019 (четврток) во 12 часот

НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола

(сала за промоции I кат)

 

Промоција на Млади поетски перформанси - книга 3

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола, Ве повикува на промоцијата на книгата „Млади поетски перформанси – избор на поетски творби, книга 3“.
Промоцијата ќе се одржи на ден 3.12.2019 година (вторник) со почеток во 12 часот во просториите на библиотеката.
Веќе три години, Библиотеката со голем ентузијазам започна да го реализира проектот „Млади поетски перформанси“, наменет за млади автори на поетски творби од Пелагонискиот регион, за ученици од 5-9 одделение од основните училишта, ученици од средните училишта и млади на возраст од 18 до 24 години.
Целта на проектот е да ги поттикнеме и мотивираме младите литературни творци да пишуваат, да го промовираат и афирмираат своето креативно творештво, за прв пат да се објават во збирка поезија со што ќе им се даде можност да се претстават пред пошироката јавност. Во поттекст на проектот е заложбата за силна и директна стимулација на творештвото на младите автори од нашата земја.
Проектот опфаќаше конкурс за доставување на поетски творби, кој беше јавно распишан во текот на 2019 година. Најдобрите и најквалитетните творби кои беа доставени се објавени во оваа заедничка збирка поезија.
Во збирката се опфатени над 40 творби кои учестуваа самостојно или со ментори – наставници.

Читај повеќе: Промоција на Млади поетски перформанси - книга 3

   

Салата претесна да ги прими сите на промоцијата на романот “Сестра Касијана“ од Добре Тодоровски

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Веднаш по излегувањето од печат на најновиот роман “Сестра Касијана“ чиј автор е писателот од Битола, Добре Тодоровски, во Битола, во новата сала за промоции на НУУБ “Св. Климент Охридски“ се одржа и промоцијата на оваа книга. Салата беше премала да ги прими сите оние кои сакаат да бидат дел од промоцијата на оваа нова книга. Ретки се приликите кога толку многу луѓе се присутни на вакви културни настани, а дел и не влегоа во салата, туку ја следеа од холот на библиотеката.Присутните ги поздрави директорот на НУ УБ “Св. Климент Охридски“, м-р Бојан Стефановски, а за книгата зборуваа промоторите: Билјана Т. Димко, Радован П. Цветковски и Панде Манојлов.

Читај повеќе: Салата претесна да ги прими сите на промоцијата на романот “Сестра Касијана“ од Добре Тодоровски

   

Страница 5 од 242

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер