English French German Macedonian

Настани

Промовирани нови сликовници на Едука Мак

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На ден 30.06.2017 година, во просториите на детската градинка „Пролет“ – Битола, се одржa средба на децата со писателите за деца Ели Маказлиева, Панде Манојлов, Радован П. Цветковски).
На  средбата беа  промовирани  најновите книги за деца:  „100 ИЛУСТРИРАНИ БАСНИ ОД ЕЗОП“,„АВАНТУРИТЕ НА МАЧОРОТ ПЕРКО“, „БИДЕЈЌИ СУМ ДЕТЕ“. Настанот е во соработка со НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола, издавачката куќа Едука Мак и градинката „Естраја Овадија Мара“ – Битола (клон Пролет)
Литературното творештво за деца е од особено значење во текот на нивното воспитување, образование и правилен развој и истото треба се повеќе да се негува и популаризира. 

Читај повеќе: Промовирани нови сликовници на Едука Мак

 

Децата читаат

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На ден 30.06.2017 година (петок), со почеток во 10.30 часот во просториите на детската градинка „Пролет“ – Битола, ќе се одржи средба на децата со писателите за деца Ели Маказлиева, Панде Манојлов и Александра Велинова.
Во текот на средбата ќе бидат промовирани  најновите книги за деца:  „100 ИЛУСТРИРАНИ БАСНИ ОД ЕЗОП“,„АВАНТУРИТЕ НА МАЧОРОТ ПЕРКО“, „БИДЕЈЌИ СУМ ДЕТЕ“. Настанот е во соработка со НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола, издавачката куќа Едука Мак и градинката „Естраја Овадија Мара“ – Битола (клон Пролет)
Литературното творештво за деца е од особено значење во текот на нивното воспитување, образование и правилен развој и истото треба се повеќе да се негува и популаризира.

Читај повеќе: Децата читаат

   

Промоција на нови наслови за деца

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

   

Промовирана книгата „Мојот професор пророк“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

на 16.07.2017 година  во просториите на битолската библиотека  се одржа промоција на книгата „Мојот професор, пророк“ од македонската книжевна историчарка и теоретичарка Вера Стојчевска-Антиќ.
Книгата му е посветена на Блаже Конески, каде што авторката го опишува својот однос со него, како и нејзин коментар за некои од песните на Блаже Конески. На настанот поздравно обраќање имаше д-р Лили Бошевска – директорка на НУУБ„Св.Климент Охридски“ – Битола, следуваше изведба на песни од Блаже Конески од ученикот Божидар Николовски.

Читај повеќе: Промовирана книгата „Мојот професор пророк“

   

„Мојот професор, пророк“ - Вера Стојчевска Антиќ

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Почитувани,

чест ние е да Ве поканиме на  промоцијата на книгата „Мојот професор, пророк“ од македонската книжевна историчарка и теоретичарка Вера Стојчевска-Антиќ. 
Книгата му е посветена на Блаже Конески, каде што авторката го опишува својот однос со него, како и нејзин коментар за некои од песните на Блаже Конески.
Промоцијата ќе се одржи на ден 09.06.2017 (петок) со почеток во 12 часот во просториите на библиотеката.
На настанот поздравно обраќање ќе има д-р Лили Бошевска - директорка на НУУБ„Св.Климент Охридски“ - Битола, ќе следува изведба на песи од Блаже Конески од ученикот Божидар Николовски.
Промотор на книгата „Мојот професор пророк“ е проф.д-р Александар Стерјовски.
- Конески беше мој професор, а потоа станавме колеги. Во книгата има и наши разговори, како и мое видување на некои од неговите дела. Тој е од преголема важност, но неговото дело не е доволно признаено. Затоа и книгата ја завршувам нарекувајќи го Џинот од Небрегово - вели професорката Стојчевска-Антиќ.
Вера Стојчевска-Антиќ научниот век го помина на филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, од местото асистентка сè до пензионирањето. Таа беше првата директорка на Институтот за македонска литература во основање. Избрана е за почесна членка на Друштвото на писателите на Македонија и е прва членка од Македонија во Американската славистичка асоцијација.

   

Страница 3 од 86

Сподели на Facebook
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер