English French German Macedonian

Настани

подготвува Фатма Бајрам Аземовска

"Активно учествувај и создавај мирољубива клима"

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Ротари Клубот Битола "Широк Сокак" традиционално по 8-ми пат го одбележува меѓународниот ден на мирот под мотото: "Активно учествувај и создавај мирољубива клима", приклучувајќи се на сите мирољубиви луѓе ширум светот во потрага по еден ден, целосно исполнет со мир и слобода.

На 21.09.2019 година (сабота) на Градскиот Плоштад Магнолија во 11:00 часот ќе биде испратена порака за мир, порака за крај на насилството и војни во светот кои ја уништуваат планетата Земја и сите живи суштества што живеат во неа, порака за соживот, среќа и мир преку цртежи, рецитали, песни за мирот, танцување и диџеј.

Соработници и поддржувачи на активностите организирани од Ротари Клубот Битола "Широк Сокак" се: НУУБ"Св Климент Охридски"-Битола, ОУ "Елпида Караманди" , ОУ "Стив Наумов" , ОУ "Даме Груев" , , ОО на Сојуз на Борци,Здружение "Сумнал", Сидо, Државно Музичко Училиште, Танцов Клуб Експоуз, Диџеј Петар Лимон.

Особена чест и задоволство ни претставува да Ве поканиме да ни се придружите, заеднички да го одбележиме денот на мирот и да испратиме порака до сите.

 

Општинскиот натпревар „Млади библиотекари" 2019

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Битола го организира Општинскиот натпревар „Млади библиотекари“. Право на учество на овај натпревар имаат сите ученици од основните училишта до 14 годишна возраст кои се членови на училишните библиотеки или Детската библиотека која работи во состав на НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола. За подготовка на учесниците за овој натпревар Ви го предлагаме Прирачникот за подготовка на кандидати за натпреварот „Млади библиотекари“ кој ќе ви го обезбеди Библиотеката.

Читај повеќе: Општинскиот натпревар „Млади библиотекари" 2019

   

Посета на Министерот за култура

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Директорот м-р Бојан Стефановски оствари работна средба со Министерот за култура на Р.С. Македонија г-дин Хусни Исмаили, Македонка Коцева - раководител на сектор на културно наследство и г-дин Фатон Фазлиу - шеф на кабинет, д-р Мери Стојанова од Музеј во Битола и директорот на Музејот на албанската азбука во Битола. Директорите на институциите имаа прилика да разговараат за организациската поставеност на вработените по одделни сектори и нивната подобра организираност, можности за унапредување на библиотечната и музејска дејност, реализирање на проекти во моментот, можности за организирање на стручни средби, собири и конференции како и за унапредување на работата на јавните институции и соработка со Министерството за култура. Повеќе фотографии на следниот линк https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10157744182268679

   

Страница 4 од 233

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер