Настани

Учениците од ООУ „Кирил и Методиј“ - Битола за Блаже Конески

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

„Ти благодарам моја библиотеко. Ти благодарам мое топло катче на волшепства од книги. Нека ти е среќен роденденот, единствена ти, и ти посакувам уште многу повеќе. Да станеш уште поголема и поголема, збогатувајќи го својот книжевен фонд и да не радуваш и сите нас вљубениците во пишаниот збор.“

Со  оваа прекрасна порака започнаа учениците од 6,8 и 9 одд. од ООУ„Кирил и Методиј“ - Битола под менторство на наставничката по македонски јазик Алексансра Упале по повод патронатот на НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола и „100 години од раѓањето на Блаже Конески“.

Учениците за оваа пригода ни имаа подготвено прекрасно поетско читање на делата на Блаже Конески, во уникатен стил беше изведена и песната „Везилка“.

Им благодариме!
Подготвиле Вера Марковска и Ирена Колевска

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook

 

Хаику за Конески од учениците од СОУ „Јосип Броз Тито“ - Битола

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Учениците од II и IV година од СОУ „Јосип Броз Тито“ - Битола под менторство на Симона Петровска професор по македонски јазик, ни се претставија со прекрасни поетски читања за животот и делото на великанот Блаже Конески.

На уникатен начин ни ги претставија неговите дела како „Стерна“, „Везилка“, „Тешкото“, но прикажаа и прекрасен есеистички пристап преку драматизација кон зборовите по кои тој е запаметен.

За крај сите ученици изработија прекрасно хаику со свои мисли за Блаже Конески.

Повеќе фотографии од овој настан на следниот линк: NUUB Facebook

   

Есеи за животот и делото на Св.Климент Охридски и Блаже Конески

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

„Тргај се од злото и прави добро!“ - Св.Климент Охридски
„О Тешкото! Зурли штом диво ќе писнат, штом тапан ќе грмне со подземен екот“ - Блаже Конески.

На ден 14.12.2021 година под менторство на наставничката по македонски јазик Зора Дамјанова, ученици од 9 одд. од ООУ „Гоце Делчев“ - Битола ни се претставија со прекрасни есеи за животот и делото на Св.Климент Охридски и Блаже Конески.

Им благодариме!

Подготвија: Вера Марковска и Ирена Колевска

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook

   

Страница 6 од 314

Сподели на Facebook