Настани

Тефтерчиња со пораки за книгата и читањето

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )
НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола по повод Месецот на книгата-Месец Октомври во соработка со СОУ„ Таки Даскало“-Битола реализира работилница изработка на тефтерчина на чија корица беше испечатена порака за книгата и читањето.
На ден 19.10.2021 година се одржа првата работилница која се одржа во просториите на СОУ „Таки Даскало“-Битола во која учество зедоа учениците од втора година графичка струка, графички техничари под менторство на професорките Весна Мундишевска-Велјановска и Катерина Спасовска-Маурдева.
Тие во првата фаза го спроведоа процесот на класифицирање на ливчињата и кориците на тефтерчињата, за потоа учениците на специјална машина да ги исечат. Преку оваа работилница учениците имаа можност да учат, но и да се забавуваат.
Повеќе информации на следниов линк
 

НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ УЧЕСТВУВАШЕ НА ВТОРИОТ ФОРУМ НА БИБЛИОТЕЧНАТА УНИЈА НА КИНА И ЦИЕ

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Библиотеките во предизвикувачки времиња нудат значајна поврзаност и нови пристапи кон дизајнот на библиотеката!

Вториот форум на библиотечна унија на земјите од Централна и Источна Европа и Кина се одржа во Скопје од 13 - 14 октомври 2021 год. во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“. Форумот го поздравија и подржаа значајни личности од политичкиот живот,  министри за култура на Н.Р.Кина и Р.С. Македонија, амбасадор на Н.Р. Кина во Р.С. Македонија како и претседател на ИФЛА Барбара Лисон.

НУУБ „Св. Климент Охридски“ е членка на „Библиотечна унија на земјите од ЦИЕ од 2018 година кога беше одржан Првиот Форум на унијата во градот Ханџу НР Кина, во Градската библиотека каде се наоѓа и Секретаријатот на Библиотечната унија. Потпишувањето на Декларацијата на унијата за меѓусебна соработка на библиотеките резултираше со извонредни достигања во различни области во кои културната размена одигра важна улога во консолидацијата на на традиционалното пријателство и зајакнување на меѓусебното разбирање на земјите учесници. Во областа на библиотечното работење се разменаа искуства од областа на заштита на културното наследство, техники и начини за конзервација на старите ракописи, авторското право и современи начини за анимација на корисниците а темите на годинашниот  форум  се однесуваа на интеграцијата на библиотеките во пост-пандемиски услови за работа , развој на иновативните сервиси и т.н. „паметни“ библиотеки, развој на библиотечното работење помеѓу традиционалното и дигитално доба, со посебен осврт на технолошки достигања и  трендови во дигитализацијата поврзани со научни сознанија и иновации во заштита на старите ракописи. Форумот се реферираше и на темите од областа на промоција на читањето и  библиотечни терапии како своевиден излез од психолошките ефекти од рестриктивните мерки  во времето на пандемијата. На покана од организаторот м-р Јелена Петровска го водеше Првиот модул на Форумот на тема „Интеграција на библиотеките во пост-пандемиска ера . Што е следно?

Одржани се и две работилници од Р.Србија предавач Мирољуб Стојановиќ на тема „Дигитална библиотека – Омека-Агрегатор“ со детални упатства за користење на бесплатни алатки за дигитализација и Мирко Марковиќ „Облици и методи на дигиталните комуникации – социјални мрежи и БИБЛИОНИЦА“. Работилниците беа инспиративни и високо професионални со што допринесоа за едукација на библиотекарите и отворање на поле за меѓусебна соработка и развој на идни библиотечни проекти.

Заклучок на овој многу значаен собир се однесува на иднината на Библиотечната Унија, на меѓусебната соработка и размена на библиотекари. Се донесе и нов Акционен план за работа за период 2022/23, со мапирање на професионалните потреби, умрежување, размена на дигитални содржини, чување и презентација на културните вредности помеѓу членките.

м-р Јелена Петровска, програмски раководител

   

„SАSAS JEKHVAR JEKH – СИ БЕШЕ ЕДНАШ“ – АКТИВНОСТИ ОД ПРЕТПОСЛЕДНИОТ КВАРТАЛ

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Активностите во врска со проектот „Sasas Jekhvar Jekh – Once upon a time...“ се реализираат редовно. По завршувањето на категоризацијата, направивме рангирање според кое од сите бајки, четириесетте највисоко рангирани бајки ќе бидат дел од книгата. Исто така одбравме ромски уметници кои ќе ги улустрираат бајките и ромски актери кои ќе ги промовираат.

Од 7-9 септември, 2019 година во Софија, Бугарија се одржа партнерски состанок во рамките на проектот. Освен рангирањето на бајките, се дискутираше и за елементите на планираните следни проекти и се собраа идеи за проектната брошура.

Поради рестрикциите поврзани со Корона вирусот, на македонските граѓани им беше забранет влез и престој во Бугарија во септември, па поради таа причина тимот на библиотеката не можеше да присуствува на состанокот. Крајниот состанок ќе се одржи во декември во Германија.
Проектот е финансиран со помош на Европската комисија преку Еразмус + програмата, а координатор е германската организација Југендстил.

„SASAS JEKHVAR JEKH – ONCE UPON A TIME” – ACTIVITIES FROM THE PRENULTIMATE QUARTER

The activities related to the project "Sasas Jekhvar Jekh - Once upon a time ..." are realized regularly. After completing the categorization, we made a ranking and according to it of all the fairy tales, the forty highest ranked fairy tales will be part of the book. We have also selected Roma artists who will illustrate the fairy tales and Roma actors who will promote them.
A partnership meeting within the project was held from 7-9 September, 2019 in Sofia, Bulgaria. In addition to ranking the fairy tales, the elements of the planned follow-up projects were discussed and ideas for the project brochure were gathered. Due to restrictions related to the Corona virus, Macedonian citizens were banned from entering and staying in Bulgaria in September, so the library team could not attend the meeting. The final meeting will be held in December in Germany.
This project is financed by the European Commission through the Erasmus + programme, and the coordinator is the German organization JugendStil.

   

Страница 2 од 293

Сподели на Facebook