Настани

Светска конференција на национални библиотеки

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На 16-17 Септември се одржа Светската конференција на национални библиотеки  „National Libraries Now conference 2021“ -  Лондон.
На оваа онлајн конференција учество зедоа над 60 трудови на библиотекари од Националните библиотеки од сите страни на светот.
Националната установа-Универзитетска библиотека„ Св. Климент Охридски“- Битола учестуваваше со трудот “Новите иновативни програми во време на пандемија“ на библиотекарот м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски.
На оваа конференција библиотекарите од Националните библиотеки ширум светот имаа можност да разговараат за тековните проблеми, но и да споделат нови програми  и предизвици со кои се сретнале во овој период на пандемија.

 

Ваучери за првачињата од ООУ„Тодор Ангелевски“- Битола

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Ваучери за првачињата беа поделени и во Централното „Тодор Ангелевски“-Битола и Подрачните училишта „Тодор Ангелевски“ во Стрелиште и Горно Оризари.

На првачињата им посакуваме успех и ги покануваме да не посетат во нашата библиотека и да ги искористат ваучерите најдоцна до 1.11.2021 година

 

 

 

   

Работилница од областа на Нормативната контрола

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, на покана од Библиотекарското здружение на Македонија организира еднодневна работилница со теми од областа на Нормативната контрола.
Овие работилници се дел од проектот Тековно работење на БЗМ за 2021 година, поддржани од Министерството за култура на РСМ.
Идејата произлезе од фактот дека е потребно да се унифицираат определниците, односно да се изедначат податоците за авторите.
Во изработка на материјалите и предавањата учествуваа Јелисавета Костадинова и Валентина Дојчиновска-Илиоска од НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје.
За да бидат опфатени сите библиотекари од државава работилниците се одржуваат во четири града (Битола, Струга, Радовиш и Скопје) кои се во улога на организатори. За учесниците беше подготвен работен материјал и практичен дел со вежби.
Од овие работилници е планирано да произлезе Прирачник за нормативна контрола кој што ќе послужи за натамошното работење на библиотекарите.

Битола, 16.09.2021.год.

Повеќе фотографии од овој настан ќе најдете на следниот линк: NUUB Facebook

   

Страница 5 од 293

Сподели на Facebook