Настани

Кафе и книги со наши локални писатели

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На наше големо задоволство овој пат со нас на кафе беше младата, амбициозна и полна со елан за работа Биљана Тодоровска.
Биљана Тодоровска е писателка чиј пишан збор допира до сечие срце, вешт драматург кој зад себе остава многу дела. Од дипломиран информатичар, до магистер по Драматургија.
Животот е предизвик за секој, па и за неа. Секоја препрека што и ја поставува, Биљана знае вешто да ја премини и истата да го преточи во море од зборови. Таа е жив доказ дека средбата со некои луѓе не е случајност, туку тие се пресврт во нашиот живот. Во нејзиниот живот пресврт прави Јордан Плевнеш, кој ја води да заплови во водите на драматургијата.
Кога ја запрашавме од кога почна да пишува таа ни одговори :„Првиот обид ми беше со помош на мајка ми. Напишав песничка која беше објавена во училишниот весник „Ученички збор на ОУ„Даме Груев“-Битола. Од мојата 15-та година веќе започнав да пишувам повеќе песни и дел од нив се и објавени во мојата книга.“

Читај повеќе: Кафе и книги со наши локални писатели

 

Изложба по повод 23 ОКТОМВРИ

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

По повод 23 ОКТОМВРИ – ДЕН НА МAКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА, во холот на Библиотеката е поставена изложба на книги.
На денешен ден, 23 октомври 1893 година во Солун е основана Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО), која подоцна станува македонско национално движење и дејствува со цел за извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба. Овој датум се поврзува со организираната борба на македонскиот народ и на националностите кои живееле на оваа територија, за формирање независна држава. Затоа 23 октомври симболизира континуитет на македонската борба за независност, што резултирал денеска да имаме сопствена, независна држава.
Националната установа - Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола на сите граѓани од Битола им го честита празникот 23-ти октомври –  Денот на мaкедонската револуционерна борба.

   

Изложба на тема „700 години од смртта на Данте Алигиери“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Во холот на НУУБ „Св Климент Охридски“ – Битола, е поставена изложба на тема „700 години од смртта на Данте Алигиери“.
Данте Алигиери (1265 - 1321) е италијански поет, еден од најголемите книжевници во светската литература и автор на бесмртното дело „Боженствена комедија“, која претставува едно од најважните литературни дела на сите времиња, познато во целиот свет.  
Неговото дело напишано на народен италиjански јазик претставува суштински елемент на идентитетот на италиjанскиот народ, поради кое тој се смета за татко на италијанскиот јазик, а неговото дело успева да заземе клучна улога во културниот живот на Европа во наредните векови.
Во изложбата се изложени книги од Данте Алигиери и од други познати италијански автори како: Итало Калвино, Алберто Моравија, Сузана Тамаро, Еко Умберто, Донато Каризи, Александро Барико, Паоло Џордано и др.
Изработил: Маријан Колевски

   

Страница 1 од 293

Сподели на Facebook