English French German Macedonian

15. републички натпревар „Млади библиотекари“, 31.10.2014 во Велес

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На 31. 10. 2014 година, во Велес се одржа 15. по ред Републички натпревар „Млади библиотекари“, организиран од Библиотекарското здружение на Македонија и Локалната библиотека „Гоце Делчев“ од Велес. На натпреварот зедоа учество 22 напреварувачи од цела Македонија. По поставените прашања од страна на трочлената комисија во состав Пепи Ставревски, претседател и членовите Јадранка Мајсторова и Снежана Петкова, учесниците преминаа со одговарање на прашањата.
Со оглед на на тоа дека на овој натпревар, знаењето на кандидатите беше на високо ниво имаше повеќе кандидати со исти поени по завршувањето на тестот, односно два учесници со по 183 поени и три учесници со по 182 поени. За нив Комисијата спроведе писмено испитување. За првото односно второто место одговараа Емилија Илиевска и Пале Ѓорѓиева кои имаа најголем број на бодови. По поставените прашања од страна на комисијата за победник на 15. Републички натпревар „Млади библиотекари“ беше прогласена Емилија Илиевска од ОУ „Кирил и Методиј“ од Битола, на второ место беше Пале Ѓорѓиева од ОУ „Кирил и Методиј“ од Велес. Истата постапка се спроведе и за стекнување на третото место. Комисијата по поставените прашања за трето место го избра учесникот Мартин Николов од ООУ „Даме Груев“ од Свети Николе. На наградените им беа врачени дипломи и награди за освоените места.
На сите учесници на натпреварот им беа доделини благодарници и по една книга, а исто така со благодарници се стакнаа и нивните ментори.

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер