English French German Macedonian

Промоција на книгата „D-A-CH-L -концептот во наставата по германски како странски јазик“ на д-р Валентина Илиева

PDFПечатиЕ-пошта

( 6 Гласа )

Во преполната сала за промоции на Националната установа и Универзитетска библиотека Св. Климент Охридски на 20.09.2012 беше промовирана научната публикација на  д-р Валентина Илиева  од страна на проф. д-р Петар Рау во присуство на Неговата екселенција Австрискиот Амбасадор д-р Томас Бајер.Поздравување на студентите, асистентите, професорите, писателите, продеканите и деканите од различни факултети на Универзитетот  Св. Климент Охридски следеше во прекрасната сала од доц. д-р Даниела Андоновска-Трајковска. Ректорот на Универзитетот Св. Климент Охридски проф.  д-р Златко Жоглев  во неговиот поздравен говор ја опиша авторката како вредна, компетентна и доверлив квалификуван наставник на Универзитетот. Проф. д-р Петар Рау ја промовираше оваа книга од содржински, научен и поврзан со праксата  аспект  и ја опиша како вистинска книга на методиката, која не само што им е препорачана на  наставниците по германски јазик, студентите и докторантите, туку исто и на советниците за германски како странски јазик и идните автори и авторки во Македонија за подобра и помодерна настава по германски јазик.

 

 

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер