English French German Macedonian

„Игри без граници“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Во рамки на активноста “Игри без граници“ - проектот за „Меѓуетничка интеграција во образованието“, учениците од основните училишта „Св.Кирил и Методиј“ - Битола и „Живко Брајковски“ –Битола денеска ја посетија библиотеката во Битола. Имаа можност да видат како работи библиотеката, како може да станат членови, со кои книги располага библиотеката и што претставува професијата библиотекар. Ви благодариме дечиња за посетата и што ни го разубавивте денот со Вашето присуство.
Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието (ПМИО) работи на зголемување на разбирањето кај пошироката јавност за придобивките за сите граѓани што ќе произлезат од интегрирањето на македонскиот образовен систем. ПМИО исто така  создаде политичка, социјална и економска средина потребна за Македонија да постигне одржлива меѓуетничка интеграција во училиштата, во други образовни институции како и целото општество.

Сподели на Facebook