English French German Macedonian

Свечено одбележан Меѓународниот ден на Мајчиниот јазик

PDFПечатиЕ-пошта

( 2 Гласа )

Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола  со пригодни манифестации и заедно со своите членови-читатели, го одбележаа 21 февруари- Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.
Централната свеченост  се одржа во 18:30 часот во библиотеката каде беше емитуван документарен филм за кирилицата и словенската писменост во Македонија.


- 21 февруари е прогласен за Меѓународен ден на мајчиниот јазик од страна на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО) на 30-тата сесија на Генералната конференција во 1999 година. Во 2000 година 21 февруари е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултилингвизам, истакна Науме Ѓорѓиески – директор на Универзитетската библиотека.
Сопствениот јазик  е едно од најголемите културни богатства на секој народ. Тој мајчин јазик и за нас Македонците е повеќе од светина, истакна Владимир Талески – градоначалникот на Битола.
За значењето на македонскиот јазик говореа професорките по македонски јазик  и литература Николина Поповска и Александра Гецовска.
Писателот Добре Тодороски истакна да апелираме до сите  писатели, преведувачи и интелектуалци во светот, да дадат свој, макар симболичен, придонес кон афирмацијата на македонскиот јазик, книжевност и култура – преку информации за јавните медиуми, пригодни свечености, преводни активности, дебати, книжевни вечери, фестивали, интернет информации и други промотивни активности.

 

Сподели на Facebook