English French German Macedonian

Љубители на книги во посета на Библиотеката

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Ученици од ОУ „Д-р Трифун Пановски“ - Битола ( III i IV одделение) на ден 06.02.2013 година ја посетија Библиотеката. Посетата беше искористена за запознавање на учениците со работата на Библиотеката како културна установа, нејзините оддели и начинот на издавање на книгите.

Исто така беа разгледани магацинот за чување на книги, детската библиотека, читалните. Големиот број на поставени прашања од страна на учениците, како и нивниот интерес воопшто кон пишаниот збор, она што го има во книгите и воошто функционирањето на Библиотеката несомнено говори за успехот од едни вакви посети кои се надеваме ќе ги има во голем број и во периодот кој претстои пред нас.
Ученици и наставници Тања Николовска и Цветанка Љамчевска Ви благодариме за посетата и за денот што ни го разубавивте со Вашата насмевка и интерес.

 

Сподели на Facebook