English French German Macedonian

Иднината денес

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )



Младите и развојот на човечки капитал се приоритет на општествената визија на Европската Унија. За усовршувањето на човечките ресурси ЕУ на младите им нуди бројни можности во склоп на разработени системи за поддршка на младите преку поттикнување на иницијативноста на младите, развој на демократските вредности, соработка меѓу младите, активизам и волонтеризам.
Во Р.Македонија исто така се настојува да се фати и одржува чекор со европските напори за развој на човечкиот капитал.

Поради тоа неопходно е да се потенцира следново:
Младите во Р.Македонија ги заслужуваат и имаат можности да ги здобијат истите шанси за лично и општествено унапредување како младите во ЕУ.

Поблемите и пречките со кои се соочуваат младите во Р.Македонија, често не се толку различни од проблемите на нивните европски врсници.За надминување на потешкотиите потребно е градење на свест и надминување на пасивнот однос на младите кон лична иницијативност и општествена активност.

По повод денот на Европа – 9 Мај,  Центарот за Европски Развој и Интеграција и НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола организираат обука „Иднината-денес“ , наменета за  едукација за европските вредности на младите во Р.М. на возраст од 16 до 25 години.
Обуката е на ден 08.05.2012 година (вторник) со почеток во 18 часот во просториите на Библиотеката (роднокрајна сала).

Сподели на Facebook
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер