English French German Macedonian

Соработка со Пустец

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Да се стигне до македонското село Пустец во Албанија и да се присуствува макар и еден ден е големо доживување. Селото е оддалечено 25 километри од Корча, еден од поголемите албански градови, но како да е оддалечено стотици години од сегашноста. Пустец и околните девет села се населени исклучиво со Македонци. Македонците од Пустец прават се за да си го говорат и зачуваат својот чист македонски јазик. Во Пустец и уште осум околни села живеат само Македонци, на македонски јазик државата Албанија им дозволува да учат само до четврто одделение.

Директорот на НУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола г –дин Науме Ѓорѓиевски оствари работна средба со директорот на основото - средното училиште г –дин Михалаќ Апостоловски од Пустец – Република Албанија.

На средбата се разговараше за проблемите, потребите и дефинирање на наредните чекори за идна соработка меѓу двете институции. Првите активности ќе се реализираат во месец Мај, како и ќе следува потпишување на меморандум за соработка.

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер