English French German Macedonian

Литературен клуб ,,Желание- Думание“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

 

Kако дел од НУУБ Св. Климент Охридски – Битола, започнува да работи литературниот клуб ,,Желание- Думание“, литературен клуб што во својата програма има зацртано цели и активности што ќе им помогнат на младите, оние кои го љубат пишаниот збор да го промовираат. Во рамките на литературниот клуб најавуваме сектор за пишување на литературни текстови, организирање литертурни читања, конкурси и издавачки сектор.

Литературниот клуб е отворен за сите оние кои го љубат и негуваат пишаниот збор, особено за младите луѓе, за учениците.

Во литературниот клуб ќе членуваат членови од најразлични генерации - ученици од основните училишта, средношколци и возрасни автори кои веќе се имаат појавено со сопствени книги. Членовите на литературниот клуб во принцип ќе се состануваат еднаш неделно. На работните средби ќе се читаат литературни творби на членовите, ќе се водат разговори по нив, ќе се разговара за писатели од македонската и светската литература, за карактеристиките на книжевните правци во литературата, за актуелните случувања и остварувања на полето на литературата и сл.

Литературниот клуб е формиран за да ги стимулира креативноста и литературното творештво, да ги афирмира литературните вредности од македонската и светска книжевност, а преку тоа да го афирмира и македонскиот јазик и македонското творештво. Литературниот клуб посебно внимание ќе им посветува на новосоздадените творби од членовите на клубот и подобрувањето на стилот на изразувањето, да се негува правоговорот и совладувањето на вештините на реториката и критичкото толкување на уметничките дела.

Преку разни форми на работа: литературни средби, литературни читања, трибини, промоции, средби со автори, објавување периодични публикации и слично во литературниот клуб ќе се обработуваат дела од веќе потврдени автори, ќе се надоградуваат претходните знаења на членовите според принципите на работилница за креативно пишување.

Членувањето во клубот е на доброволна основа, бројот на членовите и нивната возраст не е ограничена.

 

 

 

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер