English French German Macedonian

Поетски бранувања - 2010

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

     За свечено одбележување на 8 ми Декември - Патронен празник на Библиотеката, Библиотеката на 07.12.2010 година, во (вторник) во 18 часот во салата за промоции организираше програмски  неколку културни активности. На почетокот пред присутните гости пригодно обраќање имаа г-дин Науме Ѓоргиевски директор на Библиотеката и г-ѓа Анета Стефановска пратеник во Собранието на Р. Македонија. Во програмата беа следните активности: промоција на книгите "Библиотеките во црквите и манастирите во Преспанско - пелагонискиот регион", "Зборник на научни трудови од научната средба 1100 години од смртта на Св. Наум Охридски", "Петта роднокрајна средба со битолските писатели од Македонија - зборник". Промотор на овие книги беше д-р Николче Велјановски - библиотекар советник. Потоа беа промовирани и следните две книги: "Значајни личности за Битола - култура" и "Повоените македонски писатели низ страниците на периодиката во НУУБ Св. Климент Охридски - Битола". Промотор на овие книги беше Благој Николов - библиотекар советник. Во рамките на оваа програма во холот на Библиотеката Драги Кабровски вработен во Библиотеката приреди  Изложба насловена "НУУБ Св. Климент Охридски (1945 - 2010)", изложбата беше комбинирана од извадоци и статии за Библиотеката објавени во периодичните публикации и фотографии за Библиотеката и текстовите и фотографиите беа каширани на картон. 

Подготвил Драги Кабровски

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер