English French German Macedonian

Европската библиотека збогатена со културното наследство на Македонија

PDFПечатиЕ-пошта

( 3 Гласа )

Ризницата на Европската библиотека, која ги обединува културите преку европските национални библиотеки, е збогатена со првата збирка од македонскотото културно - историско и библиотечно наследство.

Културното богатство на Македонија претставено преку старословенски, ориентални, како и времени ракописи, и два библиотечни каталози се „видливи" за корисниците на Европската библиотека, преку сајтот на Народната и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски", што беше презентиран на 08.10.2009 год. во Библиотеката во Скопје.

„Ова е уште еден успешен проект

на патот на Македонија кон Европската унија", изјави на презентацијата на проектот „Европска библиотека", Миле Бoшевски, директор на НУБ „Св. Климент Охридски".

Бoшевски изрази надеж дека наскоро ќе бидат дигитализирани богатите  збирки на  Националната библиотека со што на сајтот на Европската библиотека ќе има целосен пристап до македонското културно - историско наследство.

Базата со податоци на Европската библиотека може да се пребарува и истражува на 36 јазици, меѓу кои и на македонски јазик.

Македонската национална библиотека од 2008 година е полноправен член на Европската библиотека, која опфаќа вкупно 48 национални библиотеки од 46 земји - членки на Советот на Европа.

Преку порталот на Европската библиотека, корисниците имаат можност за бесплатна услуга која нуди пристап до фондовите на 48 национални библиотеки од Европа, пребарување на книги, списанија, мапи, видео записи, како и многу други документи.

 

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер