Работилница со учениците од V-a и V-б одд. од ООУ„Стив Наумов“- Битола

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На 28.10.2021 година во НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола се одржаа две работилници со учениците од V-a и V-б одд. од ООУ „Стив Наумов“- Битола.
Учениците заедно со своите наставнички Анжелика Петковска и Виолета Цигарида имаа можност овој пат покрај тоа што слушнаа прекрасната басна во вториот дел да изработуваат оригами. Оригамите се техника која е многу интересна и креативна за учениците.
Во првиот дел од работилницата нашите библиотекари Гордана Ѓоргиевска Неделковски и Ирена Котевска им ја прочитаа прекрасната басна „Мајмунски работи“ од Киро Донев извадок од книгата „Басни “избор.

Додека во вториот дел, им беше покажан начинот на изработка на оригамите. Учениците во пријатна атмосфера изработија: срце плик и оригами срце. Радоста беше обострана, заедно творевме и уживавме. Уште една работилница ја завршуваме со насмеани детски лица.
Повеќе фотографии од овој настан на следниот линк: NUUB Facebook

Сподели на Facebook