Кафе и книги со наши локални писатели

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На наше големо задоволство овој пат со нас на кафе беше младата, амбициозна и полна со елан за работа Биљана Тодоровска.
Биљана Тодоровска е писателка чиј пишан збор допира до сечие срце, вешт драматург кој зад себе остава многу дела. Од дипломиран информатичар, до магистер по Драматургија.
Животот е предизвик за секој, па и за неа. Секоја препрека што и ја поставува, Биљана знае вешто да ја премини и истата да го преточи во море од зборови. Таа е жив доказ дека средбата со некои луѓе не е случајност, туку тие се пресврт во нашиот живот. Во нејзиниот живот пресврт прави Јордан Плевнеш, кој ја води да заплови во водите на драматургијата.
Кога ја запрашавме од кога почна да пишува таа ни одговори :„Првиот обид ми беше со помош на мајка ми. Напишав песничка која беше објавена во училишниот весник „Ученички збор на ОУ„Даме Груев“-Битола. Од мојата 15-та година веќе започнав да пишувам повеќе песни и дел од нив се и објавени во мојата книга.“
Биљана Тодоровска има напишано неколку книги : поезија „Душа од кристал“, и два романи „Софи Владева“ и „ Моето второ јас“.
Иако на секој писател му е тешко да одбери која од неговите книги му е најомилена, сепак настојуваме да ни кажат. Биљана ни кажа дека можи да ја потенцира најновата „Софи Владева“ чија приказна допира до сечие срце, потресна приказна, топло преточена во стил специфичен за неа. Од полето на драматургијата има нашишано два авторски текстови „За рамнотежа во светот“ и „Денот кога се заљубив“ драматизирани со деца од ЖАР Преспа и една адаптација на текстот за Наум Манивилов Преспански од книгата „Сите лица на смртта“ од Петре М. Андреевски, за фестивалот Актерот на Европа, во Ресен, 2016 година.
Иако има многу награди, на прашањето која и е најомилена таа ни одговори „Најдрага ми е наградата што ја добив оваа година во Струга. Оваа година за прв пат се одржа трка, полу – маратон и маратон. Бидејќи Струга е градот на поезијата, трката не би можела да започне без поезија, за таа цел беше распишан конкурс на тема: „Трчам значи постојам“. Пратив творба и заборавив. Ме контактираа организаторите ми соопштија дека имам прва награда со едно гласна одлука на жити комисијата. До прес – конференцијата, која се одржа еден ден пред трката ја чувавме тајната. И покрај сите перипетии по патот точно во моментот кога го соопшија името на побеникот во поезија, влегов во салата. Се чувствував како ѕвезда, како да бев предводник на трката.“ Тука исто така ја издвои и наградата што ја има добиено на Литературниот конкурс во Демир Хисар, на кое има освоено трето место во 2015 и 2020 година. Како и ѕездата на сите одржани манифестации „Славко Крстевски“. Исто така втора и трета награда на конкурсите во Мобилност Македонија.
На крај се обрати до сите наши верни читатели со следната порака „Читањето открива нови светови, отвора многу врати, проширува хоризонти. Сакајте ги книгите, не зборуваат , а најмногу кажуваат. Читајте литература од домашни автори со тоа ги поддржувате и авторите и издавањето, а најмногу од се, се надградувате самите.“
„ Не постои лоша книга, постои само погрешен избор“
Овој разговор беше толку прекрасен што помина за миг, но само за овој крај сакаме да и се заблагодариме на Биљана Тодоровска и да и посакаме уште многу успеси во животот затоа што претставува мотивација за многумина во многу погледи.
А на нашите читатели им препорачуваме да одделат време за нејзините книги, а и самите ќе видат зошто.

 

Сподели на Facebook