Општинскиот натпревар „Млади библиотекари“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Битола го организира Општинскиот натпревар „Млади библиотекари“. Право на учество на овoј натпревар имаат сите ученици од основните училишта до 14 годишна возраст кои се членови на училишните библиотеки или Детската библиотека која работи во состав на НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола. За подготовка на учесниците за овој натпревар Ви го предлагаме Прирачникот за подготовка на кандидати за натпреварот „Млади библиотекари“ кој ќе ви го обезбеди Библиотеката.

Општинскиот натпревар ќе се одржи на ден 29 октомври 2021 год. (петок) со почеток во 12 часот во просториите на Библиотеката. Се надеваме дека ќе соработувате со нас и што е можно побрзо ќе го одредите Вашиот претставник за да би можел благовремено да се подготви за натпреварот.

Пријавувањето за учество на натпреварот е најдоцна до 15 Октомври 2021 година (петок). Вашите пријави можете да ги доставите писмено по пошта на адреса Национална установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола, ул. „Пеце Матичевски“ бр. 39 со назнака за Општинскиот натпревар „Млади библиотекари“ или лично секој работен ден од 07.30 до 13.00 часот.

Победникот од овој натпревар се стекнува со право на учество на Републичкиот натпревар „Млади библиотекари“ кој оваа година ќе се одржи на 12 ноември (петок) во 12 часот во НУ библиотека „ Григор Прличев“ - Охрид.  Учеството на овај натпревар го овозможува Библиотеката.

Сподели на Facebook