Работилница од областа на Нормативната контрола

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, на покана од Библиотекарското здружение на Македонија организира еднодневна работилница со теми од областа на Нормативната контрола.
Овие работилници се дел од проектот Тековно работење на БЗМ за 2021 година, поддржани од Министерството за култура на РСМ.
Идејата произлезе од фактот дека е потребно да се унифицираат определниците, односно да се изедначат податоците за авторите.
Во изработка на материјалите и предавањата учествуваа Јелисавета Костадинова и Валентина Дојчиновска-Илиоска од НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје.
За да бидат опфатени сите библиотекари од државава работилниците се одржуваат во четири града (Битола, Струга, Радовиш и Скопје) кои се во улога на организатори. За учесниците беше подготвен работен материјал и практичен дел со вежби.
Од овие работилници е планирано да произлезе Прирачник за нормативна контрола кој што ќе послужи за натамошното работење на библиотекарите.

Битола, 16.09.2021.год.

Повеќе фотографии од овој настан ќе најдете на следниот линк: NUUB Facebook

Сподели на Facebook