По повод 8 Септември - Светски Ден на писменоста

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

ПИСМЕНОСТА НЕКОГАШ И СЕГА

По повод Светскиот Ден на писменоста НУУБ „Св. Климент Охридски“ во Битола оствари соработка со ЈУ Градска библиотека и читална во Херцег Нови (Р. Црна Гора).
Во чест на Меѓународниот ден на писменоста, 8 септември, ЈУ Градската библиотека и читална во Херцег Нови, во соработка со Секретаријатот за култура и образование на Општина Херцег Нови, организираше панел дискусија за писменоста некогаш и сега.

Во рамките на постојана соработка, размена на библиотечната граѓа и искуства од областа на библиотечното работење, на покана од библиотекар Јелена Ѓоновиќ во панел дискусијата учествуваше Јелена Петровска, програмски раководител и библиотекар советник. Јелена Петровска зборуваше за развојот на писменоста во Македонија, делото на Солунските браќа, Охридската книжевна школа, трендови и теми во врска со користење на пишаниот збор, користење на т.н. сленгови во секојдневниот говор, дигиталната писменост, развој и перспективи на посочената тема.

Учесници на собирот беа еминентни јавни работници и работници во културата и образованието од Херцег Нови: Светлана Јагњиќ - воспитувач, Весница Ражајски - наставник, Тамара Комар - професор по српско-хрватски јазик и литература, Воислав Булатовиќ - политички научник и графички дизајнер, м-р Ѓорѓе Малавразиќ - есеист и културолог и поранешен ученик на Основното училиште „Иван Горан Ковачиќ “, Данило Мариќ - добитник на прва награда на годинашниот литературен натпревар „Отвори книга, отвори свет“, а со користење на зум апликацијата учествуваше и нашата библиотека со својот претставник.

Поврзани линкови:

https://portalnovi.me/magazin/kultura/povodom-medjunarodnog-dana-pismenosti-u-gradskoj-biblioteci-diskusija-pismenost-nekad-i-sad/

https://radiojadran.com/panel-diskusija-o-pismenosti-u-gradskoj-biblioteci-i-citaonici/

Повеќе фотографии од овој настан на следниот линк: NUUB Facebook

Сподели на Facebook