Доделување ваучери и читање на сликовница во ООУ„Стив Наумов“ - Битола

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Кампањата „Сите во библиотека„ продолжува. На наше огромно задоволство ваучери за едногодишно бесплатно членство беа поделени и на учениците од прво одделение во ООУ„Стив Наумов“- Битола.

Овие дечиња исто така имаа можност да слушнат една прекрасна приказна за „Ежето Снеже“ во која се зборува за другарувањето, семејството и прифаќањето на различностите.

Низ разговор и прекрасна пријатна атмосфера овие дечиња накратко се запознаа со библиотеката и работата на библиотекарите, а тие ги поканија да дојдат да не посетат и да ги искористат ваучерите најдоцна до 1.11.2021
Повеќе фотографии од овој настан на следниот линк: NUUB Facebook

Сподели на Facebook