Изложба по повод 8 Септември - Денот на независноста

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

По повод 8 Септември, Ден на независноста на Република Северна Македонија, во холот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола поставена е тематска изложба на книги.

Денот на независноста, 8 Септември е празник со кој се одбележува раѓањето и се слави опстојувањето на независна и суверена Република Северна Македонија. Овој празник преставува остварување и континуитет на трудот, вложувањата и пожртвуваноста на многу генерации граѓани кои живеа со мислата за слободна и самостојна држава. Овој празник не потсетува на предизвиците кои сме ги надминале, но и ни дава сила и мудрост да продолжиме понатаму.

Нека е честит 8 Септември, Денот на независноста на Република Северна Македонија!

Сподели на Facebook