English French German Macedonian

Изложба по повод 2 Август - Денот на Републиката

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

По повод големиот македонски национален и православен празник 2 август - Илинден, во холот на Библиотеката поставена е тематска изложба на книги. 2 август - Денот на Републиката е голем државен празник на Македонија, кој исто така е и голем верски празник - Илинден во чест на пророкот Св. Илија - според јулијанскиот календар. Празникот се прославува во знак на сеќавање на два големи настани од македонското минато кои се случиле на овој датум, и со кои се удрени темелите на македонската државност: Илинденското востание од 1903 година кое било организирано од Внатрешната македонска револуционерна организација против Отоманската империја, после кое била прогласена Република, и Првото заседание на АСНОМ од 2 август 1944 година, во текот на Втората светска војна, на коe се поставени основите на денешна Република Северна Македонија.
Честит 2 август - Илинден!!!
Повеќе фотографии од изложбата на следниот линк: НУУБ Facebook

Сподели на Facebook