English French German Macedonian

Град од пареа - Карлос Руиз Зафон

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

„ Град од пареа “ претставува колекција од 11 приказни издадени постхумно во чест на прерано починатиот автор Карлос Руиз Зафон. Овие приказни навлегуваат во ликовите и заплетите, кои ќе им бидат познати на читателите од Зафоновата тетралогија од "Ризницата на заборавените книги“. Така, меѓу овие приказни ќе сретнете: момче кое решава да стане писател кога открива дека неговите фантазии го поттикнуваат вниманието на едно девојче кое го заробило неговото срце. Бегството на еден архитект од Константинопол каде се планира да се гради несовладлива библиотека; чуден господин го искушува Сервантес да напише книга каква досега не постоела и Гауди, кој плови кон Њујорк воодушевен од светлата и пареата, нешта од кои секој град треба да е изграден.

Сподели на Facebook