English French German Macedonian

Мојата сестра сериски убиец - Ојинкан Брејтвејт

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Три убиства веќе те прават сериски убиец. Или не?
Кореде е огорчена. И, како да не биде?! Нејзината сестра Ајола е многу нешта: омиленото дете, најубавата ќерка, но веројатно и – социопат. Кога вечерата на Кореде е прекината од вознемирувачкиот повик на сестра ѝ Ајола, таа знае што се очекува од неа: белило, гумени ракавици, нерви од челик и силен стомак. Ова ќе биде третото момче на Ајола по ред – „убиено во самоодбрана“ и со тоа официјално трета збрка што нејзината сестра треба да ја расчисти.
Кореде веројатно би требало да оди во полиција, но… ја сака својата сестра и, како што велат: семејството секогаш на прво место.
Морничав трилер преполн со црн хумор и сатира, приказна за љубовта, но и остра критика на семејните односи во современото општество.

Сподели на Facebook