English French German Macedonian

La sans pareille - Љубовен роман со додатоци - Милисав Савиќ

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Се разбира дека не е само љубовна приказна! И покрај мно-губројните елементи што потсетуваат на романтичните љубовни стории на Казанова, Ана Каренина, дамата со кученцето, романите на Црњански… на авантурите на главниот лик во Тоскана, во задни-ната, зад сцената се гледаат потресните настани и драми, воените, паравоените дејствија и злосторства при распадот на Југославија.

Авторот пишува кратко, читко и јасно и успева со фикција и со бројните фусноти, белешки, индекс на поими и слично, да ја от-слика мачната заднина. На моменти тоа го прави со доза на хумор, па целата конструкција на романот делува како школа за креативно пишување.
„Милисав, може логично да се објасни. И во Хрватска и во Босна се водеше војна, национална и верска, моето име е типично српско (некои други имиња можат да бидат и српски и хрватски и мусли-мански, како на пример Златко, Петар), и тоа архаично, да не кажам селско… И ете неволја, ете страдање без никаква вистинска вина“, бележи авторот.

 

Сподели на Facebook