English French German Macedonian

Сендмен - Лаш Кеплер

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Книгата "Сендмен" преставува уште едно прекрасно дело од перото на познатото скандинавско дуо, кое пишува под псевдонимот Лаш Кеплер. Во овој најнов психолошки трилер ќе го запознаете Микаел Колер - Фрост, момче кое една студена зимска ноќ е пронајдено како талка по железнички мост во Стокхолм во состојба на доживеан шок и крвавејќи од раката постојано зборувајќи за својата сестра и за мистериозниот човек по име Сендмен. Но, се би било во ред доколку не се знае дека Микаел исчезнал пред 13 години и официјално е прогласен за мртов шест години подоцна. Тој и неговата помала сестра Фелисија се сметало дека се удавени, иако нивните тела никогаш не биле пронајдени.
Инспекторот Јона Лина е меѓу ретките кои сметаат дека децата се жртви на озлогласениот сериски убиец во Шведска, Јурек Валтер, кој моментално е во затвор, во специјално обезбедениот психијатриски оддел. Започнува истрага за пронаоѓање на Фелисија, за која се смета дека можеби е се уште жива, бидејќи е многу очигледно дека во случајов постои соучесник и треба да се проникне во садистичкиот ум на злосторникот за да се придобие неговата доверба. Но, не е се така лесно...

Сподели на Facebook