English French German Macedonian

СВЕТСКИ ДЕН НА ЛИТЕРАТУРАТА ЗА ДЕЦА

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола, наставничката Жанета Тошеска и ОУ „Кирил и Методиј“ - Битола денеска го одбележаа Светскиот ден на литературата за деца.
Жанета Тошеска, наставничка во прво одделение во основното училиште „Кирил и Методиј“ во Битола која што е прогласена за читател на годината на страна на Библиотеката, разговараа со учениците за најголемиот писател за деца на сите времиња Ханс Кристијан Андерсон, кој е тој, кои се неговите најпознати бајки.
Потоа наставничката им ја прочита на учениците приказната „Грдото Пајче“, ја анализираа на часот и работеа на наставното ливче.
Во чест на роденденот на најголемиот писател за деца на сите времиња Ханс Кристијан Андерсен, (роден на 2 Април 1805) се слави Светскиот ден на литературата за деца, со цел да се промовира книгата за деца и читањето. Од 1967 година па наваму, на овој ден, се потсетуваме на големата потреба да се сврти вниманието на јавноста за значењето на книгата за деца.
Повеќе за овој настан на следните линкови: NUUB-Facebook i NUUB - Videos

 

 

 

Сподели на Facebook